X
 06.09.2017 Живот

Што би се случило ако нападне Ким?

кореја
Фото: Printscreen

Северна Кореја во неделата тестираше хидрогенска бомба зголемувајќи ги стравувањата на јавноста дека Пјонгјанг се приближува кон конструирање на проектил со нуклеарно оружје што би можел да стигне до Америка.

Ова оружје е најмоќното што досега го тестирала Северна Кореја, а процените се дека е зголемен експлозивниот принос на 50 или 120 килотони. За да имате предвид колку е тоа, доколку се направи споредба, нуклеарната бомба што паднала во Хирошима во 1945 година веднаш убила 80.000 луѓе, а имала принос од 15 килотони.

Еве што треба да знаете за тестирањето и потенцијалниот напад.

Зошто Северна Кореја тестира нуклеарна бомба?

Нуклеарното оружје е крајниот механизам за преживување на изолиран режим со мало влијание и неколку пријатели. Многу експерти веруваат дека Северна Кореја нема прво да го искористи своето оружје. Ким го цени опстанокот на неговата семејна династија и режимот. Тој знае дека употребата на нуклеарно оружје ќе започне војна во која земјата не би можела да победи.

Ким исто така копнее за меѓународно признавање - а нуклеарниот арсенал е еден загарантиран начин да ја натера глобалната заедница да го забележи.

„Севернокорејските лидери знаат дека на мртвите луѓе не им требаат пари и веруваат дека без нуклеарно оружје би биле мртви“, пишува Андреј Ланков, професор на Универзитетот „Кукмин“ во Сеул, Јужна Кореја.

Дали Америка влегува во војна?

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис предупредува за масивен воен одговор на каква било закана од Северна Кореја против Америка. Кога американскиот претседател Доналд Трамп бил запрашан дали ќе ја нападне Северна Кореја, неговиот одговор беше: „Ќе видиме“.

Во понеделникот Јужна Кореја лансира огромно шоу на воена сила со вежби за пожари, симулирајќи го нападот врз нуклеарното тестирање на Пјонгјанг. Сеул изјави дека Америка се подготвува да го зајакне своето воено присуство поради загриженоста дека Северна Кореја се подготвува да лансира повеќе проектили.

И додека Америка поседува огромна огнена моќ во споредба со Северна Кореја, каков било напад врз Америка веројатно ќе предизвика катастрофални последици врз Јужна Кореја и Јапонија, со многу жртви.

Плус, со двете лансирања на проектили со долг дострел оваа година, и последниот тест со хидрогенската бомба, Америка може да е изложена на ризик од нуклеарен напад.

Експертите велат дека е тешко да се потврдат тврдењата на Северна Кореја, но можноста за вакво сценарио ги прави ризиците незамисливо високи.

Што ќе се случи ако нападне Ким?

Ако Северна Кореја нападне прва, Америка има голем број одбрани. Тие вклучуваат противракетен одбранбен систем наречен „THAAD“, што фрла кратки, средни и просечни балистички ракети, како и системот „Aegis“ базиран на брод, кој истовремено може да следи 100 ракети и да ги пресретне.

koreja
Фото: CNN

Овие системи теоретски би можеле да соборат проектил со нуклеарен товар без да го детонираат - иако емитувањето на радијацијата би претставувало ризик.

Какви други опции има Америка?

Се сведува на две опции: санкции и преговори. Советот за безбедност на ОН се обидува да ја „задуши“ програмата на Северна Кореја за нуклеарно оружје повеќе од една деценија, меѓутоа, досега нема некој голем успех.

На вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во понеделникот американскиот амбасадор Ники Хејли рече дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун „моли за војна“. На крајот од состанокот, Хејли рече дека Америка бара решение за одговор на нуклеарното тестирање, со планови за негово гласање наредната недела.

Меѓутоа, претседателот Трамп нема голем избор, иако може да ја таргетира суровата нафта - нешто што Северна Кореја го извезува за странска валута и го увезува од Кина, како и нејзината текстилна индустрија.

Шестиот нуклеарен тест на Северна Кореја


За време на кампањата Трамп ја отвори можноста да се седне на разговор со Ким, меѓутоа, откако влезе во канцеларијата, се чини дека оваа опција повеќе не важи. Во средата тој ги исклучи преговорите велејќи на „Твитер“ дека зборувањето не е одговорот.

Сепак, уште од одамна позицијата на Америка е да разговара со Северна Кореја - но само под услов да ја напушти својата нуклеарна програма.

Некои аналитичари велат дека Америка треба да прифати „замрзнување“ и да му дозволи на Пјонгјанг да ги задржи своите нуклеарни проектили, но да се воздржи од тестирање и развивање други проектили - со цел да ја донесе Северна Кореја на преговарачка маса.

„Ова е избор помеѓу лошо и полошо, а во овој случај сите алтернативи за ’замрзнување‘, се полоши“, вели професорот Ланков.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот