X
 20.03.2017 Култура

Американската влада бара дизајни за ѕидот на границата со Мексико

ѕид
Фото: Agustin Avalos/Estudio 314

Американскиот оддел за внатрешна безбедност на Америка распиша натпревар за идејно решение за ѕидот на границата со Мексико. Од одделот наведуваат дека треба да биде висок, отпорен на искачување со помош на вообичаени помагала, лесен за вклопување со животната средина и естетски прифатлива боја.

Според документот објавен на интернет страницата на Агенцијата за царинска и гранична заштита, ѕидот треба да биде висок 9 метри (иако би било прифатливо и 6), и треба да биде изграден од бетон.

Со ова и официјално започнува процесот на започнување на изградба на најголемиот градежен проект на владата на Америка. Белата куќа претходно овој месец од одделот за домашна безбедност побара дополнителни три милијарди долари, од кои дел би се вложиле за ѕид на границата.

Трамп, кој за време на неговата претседателска кампања цело време го најавуваше ѕидот, Мексико ќе ѝ ги врати парите на Америка потрошени на ѕидот, нешто што Мексико постојано го негира.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура