X
 01.12.2017 Живот

Кофи низ МНТ во борба со дождот

Поројните дождови пробија и во Македонскиот народен театар. Зградата која е стара само четири години, на неколку места прокиснала. Ова не се случува прв пат, велат вработени во театарот.


В.д директорот Драган Спасов-Дац за факултети.мк изјави:
- Си тече во фоајето, каде покривот не бил добро направен. Исто така, и на едно место на сцената, а и во машинскиот дел. Ставаме кофи и се молиме дождот да престане – вели Спасов.
Ова не е прв пат при посилни дождови кофите да бидат составен дел на „сценографијата“ во театарот.


Новата зграда на МНТ беше отворена во мај 2013 година, а првата премиера „Вечна куќа“ се случи на 7 декември 2013 година.
- Ова се недоследности уште во самото градење. На пример, театарот во самиот проект нема ниту фундус за сценографија. Сценографиите ни стојат во гаража или кај ќе им најдеме место. Драмски театар е од 1965 година и е барака, па си има посебен дел кај што се чуваат сценографиите. Немаме ниту фундус за костими – вели Дац.
Од фотографиите може да се види и прокиснатиот плафон во театарот.

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот