Од името на Македонскиот народен театар, ви благодариме што на ваков убав начин ја отворивме новата театарска сезона во ова време-невреме и ви благодариме за сѐ што правите за нас, обичните граѓани, во борбата со ковидот. Длабок наклон за вас – со овие зборови актерот Игор Џамбазов синоќа им се заблагодари на здравствените работници што ја проследија претставата „Говорна мана“.
86 здравствени работници синоќа беа почестени со изведба на првата претстава во новата сезона на МНТ, по пауза од седум месеци. „Говорна мана“ е претстава на авторот Горан Марковиќ, а во режија на Драгана Милошевскa-Попов.