X
 15.01.2016 Технологија

Идејата за "Hyperloop" на Илон Маск започнува да се реализира

Во пустината Невада биле донесени материјали кои ќе станат дел од превоз во блиска иднина. „Hyperloop technologies“ започнува со тестирање нов транспортен систем кој не вклучува железнички пруги или улици. Новата технологија беше најавена од Илон Маск во 2013 година.


Што е „Нyperloop“?

Потенцијално најбрзиот начин за патување. Основните принципи се следниве: наместо користење пруга и воз, се користи цевка во која луѓето би можеле да патуваат и до 1.000 километри на час. Извршниот директор на „Hyperloop technologies“, Роб Лојд, ги објаснил принципите на работа за Си-Ен-Ен.

„Едноставно, го отстранувате притисокот од затворената околина - замислете ја како цевка. Го елиминирате триењето на тркалата со левитирање на преносните тела во цевката, а потоа ви треба само малку енергија за да ги движите тие тела со неверојатна брзина“, вели тој.


Маск за првпат ја претстави оваа идеја во 2013 година како одговор на проектот за брз воз од 68 милијарди долари. Маск сметал дека со подобра технологија, државата би можела да изгради систем за побрзо возење. Тогаш, тој напишал 60 страници во кои објаснувал како некоја компанија би можела да го спроведе тоа и ги предизвикал сите да ја претворат неговата идеја во реалност.

Сега, проектот веќе започнува да се реализира, а првото возење се очекува во 2020 година.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија