English version at the end.
Асиф Камал Раџа е основач и извршен директор на „Mindmakr“. Компанијата беше главен соработник на овогодинешниот настан за студентско програмирање, „Codefest“, кој се одржа во Охрид. Раџа, кој се смета за првиот програмер во Пакистан, си замина од Охрид воодушевен од учесниците и нивните идеи. Неговата компанија веројатно ќе финансира спроведување на некои од истите. Покрај многубројните обврски за време на настанот и потоа, господинот Раџа пронајде време за интервју со нас. Ветуваме дека последната реченица од интервјуто ќе ја дочитате инспирирани и мотивирани за следење на своите сништа.
Д.П.: Може ли да ни кажете нешто повеќе за „Mindmakr“?
Асиф Р.: „
Посветеност на поддржување и подучување на следната генерација бизнис лидери.“
„Mindmakr“ е посветен на тренирање на млади индивидуалци и нивна трансформација во претприемачи, потенцијални бизнис лидери и идни извршни директори за поттикнување на развојот на иновативни и оригинални идеи и развивање на моќен стартап екосистем кој нуди повеќе можности за младите амбициозни бизнисмени.
- Веруваме во водење од страна на младите;
- Цврсти врски;
- Заштедување време и пари;
- Образување на младите маси.
Младите ги учиме на методологии и им помагаме да ги вежбаат процедурите кои ќе им требаат за да успеат со своите бизнис идеи. Нудиме експертно знаење во имплементирање на агилните и другите забрзани методологии за учење, со што им овозможуваме да им помагаат на стартапи и да создадат нови одржливи структури и/или да ги подобрат својот пристап и бизнис модели. Подготвени сме и да инвестираме, а доколку е потребно може да им ги претставиме новите компании и иновативните идеи на вистинските луѓе за младите да може да најдат добри можности и индустриите да растат.
Д.П.: Како стигнавте таму? Кои се претходните искуства кои ве донесоа таму?
Асиф Р.: За време на раните 1990-ти, компјутерот беше на врвот на сечија листа за купување работи, но во Пакистан сè уште беше ретко да се замисли поседување персонален компјутер. Меѓутоа, мојот сон беше да поседувам електронско пијано уште во времето кога не можев да си дозволам такво. Одлучив да си направам самиот. Имав ограничени средства и морав да ги користам мудро. Во случај да не сфативте, под „ограничени средства“ мислам парите за училишен џепарлак кои ги добивав повремено.
Започнав да собирам списанија по електроника како хоби и се сеќавам дека одев по отпади за да најдам стари списанија.
На еден од ваквите денови најдов скината страница од списание на која пишуваше „Компјутерското програмирање е иднината, замислете било што и изградете го само со пишување код“. Тоа парче хартија придонесе кон огромната промена во мојата парадигма. Реченицата се повторуваше во мојата глава „... замисли било што, изгради“ - каква моќна изјава!
Моментот кога ги сфатив бројните нови можности, сè уште е кристално јасен во моето помнење, сè уште ја чувствувам топлината на тоа жешко попладне и не можам да се сетам колку долго стоев таму мислејќи „замисли било што, изгради“. Колкава моќ понекогаш имаат зборовите.
Оттогаш натаму, не пропуштив можност која имав за учење програмирање, започнувајќи од машина, конверзија, а потоа Бејзик. Подоцна, станав еден од неколкумината луѓе кои можеа да програмираат во „Це“. Го минував моето слободно време предавајќи програмирање во локални технолошки клубови за време на вечерите.
Работев на многу локални проекти, некои од нив беа соработки меѓу приватни бизниси и меѓународни организации како „Apple“, „Oracle“ или „Sun Microsystems“. Веројатно бев првиот или единствениот човек кој во тоа време можеше да пишува програми за „Apple“.
Подоцна бев финансиран од локален бизнис за да создадам верзија од оперативниот систем „Mac“ за компјутерите на „Apple“ кој е наменет за локалниот пазар. Ова значеше нов живот за печатените медиуми во Пакистан, кои можеа да објавуваат содржини и материјали во нашето писмо.
По преселувањето во Велика Британија во доцната 1992 година започнав да работам за ИТ-компании во Велика Британија и најдобри меѓународни бизниси. Изградив компајлер и дизајнер на форми за, веројатно, првиот објектно-ориентиран јазик за вештачко-интелигентен систем наречен Леонардо. Леонардо беше користен најмногу во универзитети за предавање специјализирани системи на последипломски студенти. Исто така, работев како технички консултант во „Gam gemini“ неколку години.
Во 1997 година одлучив да започнам да работам како независен консултант и ја основав својата прва ИТ-компанија по која следуваа уште две. Секоја компанија која ја основав беше напредок од последната.
Д.П.: Вашиот пат до успехот е неверојатен и многу инспиративен. Која е животната лекција која ја научивте и сакате младите луѓе да ја знаат денес?
Асиф Р.: Навистина верувам во фактот дека доколку некој презема нешто во врска со своите цели порано или подоцна ќе види резултати. Меѓутоа, можно е очекуваниот резултат да не биде ист како замислениот, но обично, во секој случај има позитивен резултат.
Разбирањето на сопствените ограничувања и потоа учењето како да компензирате за нив е многу важна работа која треба да се знае. Доколку е можно, не трошете време или финансии во обиди за надминување на ограничувањата. Она што мора да го научите е да застанете исправено веднаш по паѓањето и да продолжите да го зголемувате видот за да може да гледате повеќе нешта кои се надвор од границите на обичните луѓе.
Создавајте можности за себеси и среќавајте и слушајте успешни луѓе.
Д.П.: Што би направиле различно сега?
Асиф Р.: Активно би барал совети од оние кои сакаат да ги споделуваат своите искуства за време на своите успеси и неуспеси. Би бил бестрашен во паѓањето.
Д.П.: Зошто традиционалното образование е важно за успехот? На што треба да се фокусираат студентите за време на своите студии?
Асиф Р.: Без образование (односно знаење), ќе биде невозможно да се започне било која идеја. Традиционалното образование е многу важно за откривањето на сопствените сништа или идеи и создава можност за размислување подалеку од границите, но можеби не е доволно за успех во секој бизнис.
За жал, традиционалното образование е оданочување на студентите, професорите и родителите. Не е чудно што студентите одлучуваат да го напуштат образованието за бизнис (сега знаеме дека освен неколку среќници, напуштањето на образованието не функционира за многу повеќемина).
„Mindmakr“ верува дека традиционалното образование може да биде подобрено. Има методи и идеи кои може да ги трансформираат нашите денешни образовни системи во попрофитабилни и посилни. Ова нека биде тема за некој следен разговор.
Д.П.: Бевте во жирито на „Codefest 2015“ и имавте можност да ги запознаете сите учесници. Што мислите за нивната работа, нивните идеи?
Асиф Р.: Кај сите натпреварувачи видов феноменална енергија, неверојатна посветеност и фантастична тимска работа. Организаторите на настанот, исто така, го покажаа своето професионално искуство и менаџментот беше одличен. Учениците и студентите имаа страст за успех и беше примамливо да се гледаат како ги кажуваат своите брилијантни идеи. Најдобрата особина која ја видов кај сите беше способноста за слушање.
Секој беше многу вешт во својата одбрана област. Мислам дека тие се ѕвезди во подем на Македонија.
Исто така, мислам дека повеќето од проектите беа вредни за инвестирање. Впрочем, „Mindmakr“ е заинтересиран во неколку проекти и моментално тие се разгледуваат од одборот.
Д.П.: Кој е вашиот совет до студентите во Македонија (и секаде)?
Асиф Р.: Во мојот воведе говор, посочив кон значењето на „фокусот и единството“. Тие се главни точки за сечиј успех, особено во раните фази на бизнис стартапите.
Невозможно е да се успее без единство, а нефокусираноста само ќе ве направи расеани. Другата важна точка која би сакал да ја споменам е дека „Грубото е добро“. Оставете ја совршеноста за следниот пат. Нема цел во обидувањето за создавање нешто „совршено“ од првиот обид и, секако, може да стапите во контакт со „Mindmakr“ доколку сè уште сте загрижени дека не сте опремени за да се соочите со потфрлувањата на вашата нова стартап компанија. Може да ја најдете страницата лесно на „Фејсбук“ и направете да ги прошириме нашите услуги на вашиот универзитет во регионот.
„Mindmakr“ ќе ве мотивира, ќе ве обезбеди со луѓето и техничките вештини кои ви се потребни, заедно со практичен тренинг и совети за да може да ги препознаете и одбегнете потфрлувањата на кои може да наидете во раните фази од било која стартап компанија.
English version.
Asif Kamal Raja is the founder and CEO of Mindmakr. The company was the platinum partner of Codefest 2015, student programming event that was held in Ohrid. Mr. Raja left Ohrid amazed by the participants and their ideas, we conclude from the interview. He discovers that Mindmikr might even support some of the ideas that were presented during Codefest. Even though on a tight schedule, he accepted our offer for an interview. Inspiration and motivation are guaranteed after reading it.
D.P.: Can you tell us something more about Mindmakr?
Asif Raja: “
A commitment to supporting and mentoring the next generation of business leaders”
Mindmakr is committed to training young individuals and transforming them into entrepreneurs, potential business leaders, and upcoming executives to bolster the growth of innovative and original ideas, and developing a robust start-up eco-system that offers varieties of opportunities for young aspiring businessmen.
• We Believe in Youth Leadership
• Growing Relationships
• Saving Money & Time
• Educating the Young Masses
We teach youngsters methodologies and help them practice the procedures that they will need in order to succeed with their business ideas. We offer expertise in implementing agile and other accelerated learning methodologies, allowing them to aid startups and sustainably restructure and/or improve their approach and business models. We also come prepared to invest, and if required, we can introduce young startups and innovative ideas to the right people so that youngsters can find great opportunities and industries can grow.
D.P.: How did you get there? What are your previous experiences that brought you here?
Asif Raja: During the early-90s, a computer was on top of everyone’s list as an item they wanted to buy, but in Pakistan it was still rear to imagine to own a personal computer. However, my dream was to own an electronic piano since I couldn’t afford a proper one. I decided I would build one for myself. I had limited amounts of cash and I had to use them very wisely. In case you didn’t already know, by the term ‘limited cash’, I meant the school pocket money I used to receive occasionally. I started collecting electronics magazines as a hobby and I remember going to the rubbish dumping grounds to try to find old and ripped magazines.
On one of these days, I found a piece of a ripped magazine page which said “Computer Programming is the future, imagine anything, and build everything just by writing code”. That piece of paper contributed to a major shift in my paradigm. The line kept repeating itself inside my head”…imagine anything, build everything” – what a powerful statement it had been!
The moment that I realized the number of new possibilities, is still vividly clear in my memory, I can still feel the burning heat of that hot afternoon and I can’t recollect how long I stood there thinking; “…imagine anything, build everything”. What power words sometimes have.
From that moment on, I made sure I didn’t miss any opportunity that comes my way to learn programming; starting from machine, moving on to assembly, and then BASIC. Eventually, I became one of the very few people who were capable of coding in the computer language “C”. I spent my spare time teaching programming at local technology clubs on the evenings.
I worked on many local projects; some of them were great collaborations between private businesses and international organizations like Apple, Oracle or Sun Microsystems. I was maybe the first or the only person during that time who could write programs for Apple. Later on, I was sponsored by a local business to create a version of Mac operating system for Apple computers which is localized. This is what gave Pakistan’s print media a new life line to publish content and materials in our native script.
After relocating to the UK in late 1992, I started working for UK’s IT consulting companies and top international businesses. I built compiler and form designer for probably the first object oriented language for the artificial intelligent system called Leonardo. Leonardo was used mostly in universities to teach expert systems to graduate students. I worked for few years as a technical consultant in Cap Gemini as well.
In 1997, I decided to start working as an independent consultant and started my own first IT Company which was followed by two more. Each company I formed was a progression from the last one.
D.P.: Your road to success is amazing and very inspiring. What’s the life lesson you learnt you would want young people to know now?
Asif Raja: I believe strongly in the fact that if one takes action towards their goals they will get results sooner or later. However, it is possible that the expected outcome ends up manifesting itself unexpectedly, but usually, there are pleasant outcomes no matter what.
Understanding your limitations and restrictions, and then learning how to compensate, is a very crucial thing to know. If it is possible, do not spend time or investments in attempting to overcome your limitations. What you must learn is standing up tall right after falling, and how to keep enhancing your sight so that you can see things that are beyond an average person’s vision.
Create opportunities for yourself, and meet and listen to successful people.
D.P.: What would you do differently now?
Asif Raja: I would actively seek guidance from those who are willing to share they experiences during their failures and successes. I would be fearless in failing.
D.P.: Why is traditional education important for success? What should students focus on during their studies?
Asif Raja: Without education (i.e. knowledge), it will be impossible to kick-start any idea. Traditional education is very important to decode one’s dreams or ideas and it also creates the ability to think out of the box but may not be sufficient to succeed in any business.
Unfortunately, conventional education is taxing students, teachers, and parents. No wonder students decide to leave education to pursue business (we now know that apart from a lucky few, leaving education without completing does not work for many others).
Mindmakr believes that traditional education can be enhanced. There are methods and ideas that can transform our current education systems into a more profitable and sturdy one. This may be another subject for another time.
D.P.: You were a judge at Codefest 2015 and you had the opportunity to meet all of the participants. What do you think about their work, their ideas?
Asif Raja: I saw phenomenal energy among all the contestants, unbelievable dedication, and fantastic teamwork. Event organizers also showed their professional experience and the management had been very smooth. Students were passionate to succeed and it was enticing to see them come forth with their brilliant ideas. The most commendable trait I saw in all of them was the ability to listen.
Everyone was highly skilled in their chosen area. I think they are the rising stars of Macedonia.
I also think that most projects were worthy of investment. In fact, Mindmakr is interested in a couple of projects and they are currently being reviewed within the Mindmakr board.
D.P.: What’s your advice to university students in Macedonia (and everywhere)?
Asif Raja: In my opening speech, I emphasized the importance of “Focus and Unity”.They are pivotal points for anyone’s success, especially in the early stages of a business startup.
It is impossible to succeed without unity and having no focus will only have you end up distracted. The other important point I would like to mention is that “Rough is good”; leave perfection for the next round. There is no point in trying to create something ‘perfect’ on your first try, and of course, you can get in touch with Mindmakr if you are still worried about being unequipped to handle the pitfalls of your new start-up. You can locate the page easily on Facebook and get us to extend our business services to your university in the region.
Mindmakr will motivate you, provide you with people and technical skills needed, along with practical training and guidance so that you can detect and avoid any pitfalls that may come across in the early stages of any start-up.
Mindmakr.