X
 03.12.2017 Наука

Научниците откриле забранети списи на Исус


Забранетите библиски списи
(Фото: Oxford University)


Копија од еретички библиски текст, за кој се тврди дека го опишува разговорот помеѓу Исус и неговиот брат Јаков, била откриена во својата најстара позната форма.

Забранетиот спис, наречен „Првото откровение по Јаков“ не станал дел од 27-томниот Нов завет, што настанал во 367 година, туку бил дел од гностичките книги кои биле откриени во Египет во 1945 година. Сите тие книги биле напишани на коптски јазик, иако нивниот оригинален ракопис најверојатно бил на грчки.

„Никогаш не се сомневавме дека делови од  'Првото откровение по Јаков' на грчки  преживеале до денес“, истакнува професорот Џефри Смит, од Универзитетот Тексас од Остин, кој заедно со колегата Брент Ландау го пронашол списот во библиотеката „Наг Хамади“ на Универзитетот „Оксфорд“.

Текстот, најверојатно напишан на грчки јазик во 5 или 6 век, „е значаен затоа што укажува дека христијаните во тоа време читале и проучувале неканонски списи многу пред истите да бидат прогласени за еретички од страна на црквените врвови“, изјави Смит за „Њузвик“.

Текстот содржи учења на Исус на кои го подучувал својот брат Јаков, како што се сознанија за рајот, но и за идни настани, меѓу кои е и смртта на Јаков.

Професорот Ландау објаснува дека текстот е поделен на слогови, што е редок случај кај старите списи. Тоа ги наведува научниците на заклучок дека списот бил користен за подучување на читање и пишување.


Подготвил: Б.Б.

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука