X
 26.07.2016 Живот

Запознајте го човекот кој верува дека е Исус Христос

Првото нешто кое сигурно би го забележале кај Исус Христос сигурно не е неговиот небесен сјај ниту пак неговото мирно однесување. Не е ниту пак неговиот изглед, ниту неговите мудри мисли туку неговиот австралиски акцент.

 

isus
Исус со неговата сопруга Марија Магдалена


Да, второто доаѓање на Исус Христос се случи токму на територијата на овој континент. Станува збор за Алан Џон Милер, 40 годишен човек кој тврди дека во минатиот живот бил Исус.

Откако му се вратиле спомените од неговиот живот како Исус, тој продолжил со неговите духовни учења.

Исус „повторно“ се родил во март 1963 година, во Локстон, Јужна Австралија. Локстон е мал град со помалку од 4.000 жители на јужната страна од реката Мареј. Овој град е познат по музеите, карневалот по атлетика и секако, како второто родно место на Исус Христос. Неговите родители, несвесни дека им се родило божество го крстиле Алан.

Милер има два синови, Кејлеб и Тристан, од брак кој завршил со развод во 1997 година. „Набргу започнав да се сеќавам на деталите од мојот живот на земјата како и во духовниот свет во изминативе 2000 години“, вели Алан.

Тој тврди дека дел од сеќавањата за тоа кој е всушност тој му дошле уште како дете. Сепак, несвесен за овие рани навестувања, тој продолжил со животот, се' до 1997 година кога започнал да доживува поинтезивни искуства кои станале уште посилни во 2004 година.

 

isus


„Го започнав процесот на напредување кон Бог на ист начин како што го правев и во претходниот живот“. Во тоа време, Исус талкал од село во село презентирајќи ги своите учења на голем број луѓе кои се собирале да ги слушнат неговите говори. Но, денес и тоа како е полесно да се стапи во контакт со Исус. Тој ја води веб страната наречена „Divine Truth“, каде можете да ги пронајдете неговите лекции, и каде тој ги рекламира „идните настани“ па дури и нуди секција на „Често поставувани прашања“.

Интересно е тоа што Исус се погрижил буквално за се' кога станува збор за донирањето пари и условите околу донациите. Исто така, Исус има сопствена канцеларија и помошник. Тој исто така има и сопруга, Марија. Марија била во нејзините доцни дваесетти кога за прв пат го сретнала Исус како држи говор во дневната соба на нејзините родители, некаде околу 2007 година. „Бев прилично циничен светски патник, разочарана од недостатокот на љубов и мир во светот, незадоволна од духовноста па дури и од Бог“.

„Воопшто не бев подготвена да се сетам која сум и да ја прифатам мојата улога во учењето на другите за Бог и за Божествената вистина. Кога го сретнав Исус емоциите и сознанијата кои ги добив беа длабоки и драматични“, вели таа. Така, Марија Сузан Лак станала Марија Магдалена, со што семејството станало целосно. Исус тврди дека тој всушност се оженил со неа во претходниот живот и таа забременила со ќерка кога тој починал.

На прашањето дали тој се грижи за тоа што мислат луѓето и дали навистина веруваат дека е Исус, тој одговара: „Не воопшто. Не е важно дали некоја личност верува во мене и во тоа дека сум Исус. Она што јас би сакал тие да го направат е да ги слушаат учењата и да го развиваат сопствен однос со Бог; да експериментираат со учењето. Не мора да имаат некаков однос со мене за да го направат тоа. Не мора да веруваат дека јас навистина сум Исус за да веруваат во Бог. Нема потреба луѓето кои ќе ме запознаат автоматски да веруваат дека сум Исус“, вели тој.

„Всушност, мал дел од луѓето кои ме знаат прифаќаат дека сум Исус. Сега и во иднината, како што поминува времето јас сум се' поблиску со Бога. Кога ќе станам едно со Бога, тогаш ќе им биде полесно на некои луѓе да веруваат дека јас сум Исус“, додава Алан. Процесот на соединување со Бога треба да се случи до крајот на 2017 година. „Кога ќе станам едно со Бога, ситуацијата ќе биде малку поинаква“, вели Алан.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот