Егзопланетите се студени и средни по големина, но периодов се навистина популарни. Првата егзопланета била откриена пред околу 26 години. Научниците се фасцинирани од нив. Околу нив се покренуваат многу прашања, а секогаш се интересна тема за анализирање и за дознавање нешто повеќе. Лабораторијата за планетарна населеност од Универзитетот во Порторико објавила периодичен систем на досега откриените егзопланети. Всушност, се работи за систем составен од 3 категории:
фотоизвор: PLANETARY HABITABILITY LABORATORY
- Потврдени егзопланети
- Егзопланети кандидати што ги набљудува НАСА
- Планетарни тела во нашиот Сончев Систем.
Егзопланетите се далеку, па многу малку знаеме за нив. Секоја колона од категориите содржи егзопланети од одредена големина, почнувајќи од најмалата до најголемата.
- Миниземји – сферични планети со мала маса и без атмосфери, како Меркур и Месечината
- Субземји – речиси со големина како Марс
- Земји – со големина како Земјата или Венера
- Суперземји – поголеми од Земјата, но не колку Нептун
- Нептунијани – еднакви на Нептун и Уран
- Јовијани – големи колку Јупитер и Сатурн, па и поголеми.
Направен е и извештај за тоа колку егзопланети од секој тип се пронајдени досега:
фото извор: PLANETARY HABITABILITY LABORATORY
Се анализирала и дистанцата на егзопланетите од Сонцето, што е прикажано на левата страна од секоја категорија:
- Жешки зонски егзопланети – блиску се до своите сонца и се премногу топли за да имаат течна вода;
- Топли зонски егзопланети (погодни за живот) – се наоѓаат во добра положба за да содржат течна вода и услови за живот;
- Студени зонски егзопланети – премногу оддалечени од своите сонца, ладни се и имаат само мраз.
Потврдени егзопланети
Постојат 3.700 вакви егзопланети до 15 ноември 2017 година.
Егзопланети кандидати што се набљудуваат од НАСА
Опсерваторијата „Кеплер“ на НАСА открила 4.303 можни егзопланети досега.
Планетарни тела во нашиот Сончев Систем
Овие
податоци се прецизни само до 15 ноември 2017 година. Некои од кандидатите најверојатно ќе бидат потврдени.