X
 09.11.2020 Здравје

Ако наш граѓанин со Ковид-19 е хоспитализиран во Србија или Албанија, тие земји ќе го покријат лекувањето

Доколку наш граѓанин со Ковид-19 се најде во болница во Србија или во Албанија, тие земји ќе го преземат трошокот за лекување, стои во Меморандумот што денеска го потпишаа премиерите на Македонија, Србија и на Албанија, Зоран Заев, Ана Брнабиќ и Еди Рама, како и српскиот претседател Александар Вучиќ. Истото важи и за Србите и Албанците кои би се нашле во таква ситуација во Македонија. Во меморандумот исто така се наведува дека граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе ги минуваат границите без ПЦР-тестови.

Меморандумот предвидува и министрите за здравство и лекарите од трите земји да соработуваат и да разменуваат искуства во борбата со коронавирусот.

Премиерот Зоран Заев истакна дека Македонија, Албанија и Србија веднаш ќе почнат да работат на координација околу обезбедување вакцина против Ковид-19 за нашите граѓани.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје