Доколку корисниците по 13 февруари се обидат во мејл да атачираат некои од „Javascript“ фајловите ќе добијат порака дека тоа е оневозможено затоа што „содржината претставува потенцијална безбедносна закана“.
„
Gmail“ од 13 февруари ќе почне да ги блокира мејловите со таква содржина. На листата на забранети фајлови ќе се најдат сите оние чии екстензии се: .js, .exe, .msc и .bat.
„Javascript“ фајловите не мора да значи дека се вируси, но хакерите можат да ги атачираат во мејловите па по преземањето да го заразат компјутерот. „
Gmail“ ќе може да ги детектира тие фајлови дури и ако се испратени како: .zip, .tgz, .gz и .bz2.
Во случај да треба некому да испратите таков фајл, „Google“ советува да ги поставите на „Google Drive“.
Ова е фотографијата која ќе се прикаже откако корисниците ќе се обидат да постават забранет фајл: