Без разлика дали работите од дома, во канцеларија или на друго место, добивањето итни пораки или повици од колегите или работодавците во текот на вашето слободно време може да ви го уништи одморот и да ве вознемири.
Ова е вообичаено за работниците дури и за време на нивниот годишен одмор и за празници.
Но, во некои земји како Индија работниците се под толку голем притисок од работата, што се направени чекори за вработените да не бидат контактирани за време на нивниот одмор.
Сега, една компанија со седиште во Мумбај презеде порадикални чекори за да го реши овој проблем, казнувајќи ги вработените со голема парична казна затоа што им пречат на другите со повици или пораки поврзани со работата додека се на одмор.
Компанијата за игри „Дрим11“ ќе ги казнува вработените со 1.200 долари доколку контактираат колега што е на одмор.
Компанијата сака нејзините вработени да се исклучат и да уживаат во здрава рамнотежа помеѓу работата и животот. Вработените се охрабруваат да учествуваат во оваа политика на компанијата, седум дена во годината.
Фото: Freepik
Не е јасно кога е воведена политиката, но коосновачите на компанијата, Харш Џаин и Бавит Шет, велат дека досега е ефективна.
Дуото ја основа својата компанија во 2008 година и сега има над 1.000 вработени.
Долготрајното работење убива стотици и илјадници луѓе секоја година поради карцином и срцеви заболувања, според Светската здравствена организација.
Истражување открива дека луѓето што работат 55 или повеќе часа неделно имаат 35 отсто поголем ризик од мозочен удар и 17 отсто поголем ризик од исхемична срцева болест, предизвикана од стеснување на артериите.
„Дрим11“ не е единствената компанија што ги охрабрува своите вработени да ги исклучат телефоните. Минатата година беше објавено дека владините работници во Белгија ќе имаат право да ги игнорираат своите шефови доколку бидат контактирани надвор од нивното работно време.
Извор:
Unilad.com
Фото: Freepik