X
 07.04.2015 Живот

Што нуди авионско место кое чини 300.000 долари?

Масажери! Лизгачки врати! Падобрани! Трката помеѓу најдобрите авионски компании во создавање најубава луксузна класа веќе одамна трае. Но, сето ова доаѓа со цена, и тоа голема цена.


Реално, авионските компании не може да променат многу во своите услуги. Тие не може да го сменат просторот во авионот. Не може да ја сменат брзината на авионот. Единствената работа која тие може да ја сменат, а влијае на потрошувачите е седиштето.

Токму затоа, авионската индустрија започна со поголемо производство на премиум дизајни на седишта. Овие дизајни се комплицирани и детални, поради што чинат од 150.000 до 300.000 долари.





Моментално постојат студија посветени на дизајнот на седишта. Така, авионските компании може да бираат. На пример:

- „Air France“ има кожни „апартмани“ за седење кои се претвораат во широки кревети за брачен пар.

- „Jet Blue“ има ново седиште кое доаѓа со врати кои се затвораат, со што се добива сопствен мал апартман.

- Системот за забава на „Singapore“ вклучува 24-инчен ЛЦД-екран и првокласни слушалки.

- Не е седиште, но првата класа на „Emirates“ има туш-сауна која е луксузно дизајнирана.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот