X
 15.05.2016 Живот

Детето-генијалец кое одби 20 милиони фунти за својата идеја

Доколку како 14-годишник некој ви понудел 20 милиони фунти за вашата идеја, веројатно би го земале понуденото и не би се вртеле. Но, Тејлор Росентал одлучил да ја задржи својата идеја за себе и да одбие огромна количина пари.


Младиот Американец бил на турнир по бејзбол кога дека едно дете е повредено, пишува „Мирор“. Тој сакал да му помогне, но не знаел каде се наоѓа најблиската кутија за прва помош. Тогаш се сетил на својата милинска идеја - автомати во кои би се продавале сетови за прва помош.

Тинејџерскиот претприемач веќе собрал 69 илјади фунти од спонзорите, а автоматите ќе се продаваат по цена од 3.800 фунти. Тој добил понуда од 20 милиони фунти од неименувана здравствена фирма, но одлучил да ја одбие и сам да го развива својот бизнис.

- Неверојатно е да се гледа Тејлор како во текот на годините расте во самоуверен и способен професионалец. И со овој успех, остана скромен и подготвен да им помогне на другите. Има само 14 години. Бил Гејтс би требал да се загрижи - изјавила неговата професорка.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот