Светот вечерва може да биде сведок на спектакуларниот метеорски дожд „Геминид“ - светли паѓачки ѕвезди ќе се појават на небото во трепкачки бои. Дождот ќе биде видлив на целата планета, вечерва - 13 декември и изутрина - 14 декември, во зависност од локацијата.
фотоизвор: COURTESY
Во Најроби најдоброто време за набљудување на дождот е помеѓу 3 и 5 часот наутро. Објектите ќе изгледаат како 120 метеори на час да се појавуваат на небото, иако полната месечина може малку да го замагли видикот.
Податоците покажуваат дека првата ваква појава што била набљудувана се случила во 1833 година над реката Мисисипи во САД. Оттогаш, ваквите глетки зачестиле поради гравитациската сила од Јупитер, која ги влече поблиску кон Земјата. Метеорите „Геминид“ се смета дека потекнуваат од астероид наречен „3200 Phaethon“, кој можно е да се судрил со друг објект пред неколку стотици години. Судирот предизвикал прилив на прашина и остатоци, кои ја поминуваат планетата Земја преку креирање
метеорски дожд.
Астероидот „3200 Phaethon“ се движи околу Сонцето на секоја 1,4 година и понекогаш доаѓа блиску до Земјата, на безбедна дистанца. Астероидот исто така поминува блиску до Сонцето и во внатрешноста на орбитата на Меркур.