Аматерскиот астрофотограф Угур Икизлер не само што сака да ги фотографира ѕвездите, туку е фасциниран и од времето и временските услови. Тој постојано ги следи претстојните бури и затоа, кога прогнозата предвиде голема молскавична бура, тој ја зеде својата опрема и се упати да фотографира.
На крајот, неговата трудољубивост се исплати со неверојатна фотографија.
Во текот на 50 минути тој успеа да направи слики од громови кои удирале во водата во Мудања, Турција. Потоа избра 30 најдобри фотографии и ги спои за да создаде неверојатна композитна фотографија.
Иако Икизлер јасно напиша дека фотографијата е композитна кога ја објави на неговиот инстаграм-профил, тој вели дека многу луѓе сè уште веруваат дека сите молњи удриле одеднаш.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Uğur İkizler