X
 08.02.2018 Наука

Астрономските настани што ќе се случат во 2018 година

2018 година започна со неверојатен лунарен спектакл и навестува уште вакви случки. Ова се 10. големи астрономски настани што се случиле и ќе се случат годинава:


1. Суперсина Крвава Месечина

На 31 јануари луѓето што живеат во Источна Азија, островите на Пацификот и западниот брег од САД имаа најдобар поглед кон оваа лунарна еклипса, која ја претвори Месечината во исклучителна црвена боја. За повеќето временски зони беше втора полна Месечина во месецот, па затоа се нарекува и сина.

2. Соларна еклипса

На 15 февруари Месечината повторно ќе го покрие Сонцето. За жал, поголемиот дел од настанот ќе се случи над Северниот Пол, па крајот на настанот ќе биде видлив само за граѓаните на Аргентина, Чиле и Уругвај.

3. Сина Месечина

На 2 и 31 март Месечината ќе биде полна. Тоа ќе биде втора полна Месечина во календарски месец, па жителите на источна и централна Азија ќе имаат одличен поглед кон Сината Месечина. Се разбира, Месечината нема вистински да биде сина.

4. Метеорски дожд „Лирид“

Овој метеорски дожд е предизвикан од тоа што Земјата поминува низ прашината на дамнешна комета. Се работи за еден од најстарите астрономски настани. Наречен е според констелацијата „Лира“, па метеорите изгледа дека потекнуваат од тој дел од небото. Секоја година се случува во периодот од 16 до 25 април, околу 22 часот навечер. Настанот ќе биде видлив за целата северна хемисфера и екстремниот север на јужната хемисфера.

5. „Ета Акуаридс“

 Ноќта меѓу 6 и 7 мај мали остатоци од кометата „Хејли“ ќе бидат забележани како поминуваат на небото. Метеорскиот дожд „Ета Акуаридс“ се состои од честички прашина кои преостанале од кометата. Овој настан не е спектакуларен, но е видлив примарно за јужната хемисфера.

6. Лунарна еклипса во „Апоги“

Втората лунарна еклипса оваа година ќе биде и најдолгата во 21 век. Месечината ќе биде во „Апоги“, најдалечната точка каде што Месечината може да биде од Земјата во нејзината орбита, а ќе помине во центарот на Земјината сенка. Ќе се случи на 27 јули и ќе биде видлива од Австралија до Бразил, а најдобри погледи ќе има над Источна Африка и Централна Азија.

7. „Персеидс“

Наречен според констелацијата „Персеус“, од каде што најверојатно и потекнува, изворот на овој метеорски дожд е прашината од кометата „Свифт-Тутл“. Ќе се случи помеѓу 12 и 13 август, иако ќе биде видлив и некое време пред и по овие датуми. Најдобро е да се набљудува пред зора, а ќе биде видлив за сите во северната хемисфера.

8. „Орионидс“

Метеорски дожд кој произлегува од констелацијата „Орион“. Кометата одговорна за овој настан е „Хејли“. Се работи за еден од двата метеорски дожда што се предизвикани од прашината на таа комета. Ќе биде видлив во првата недела од октомври, но кулминацијата ќе се случи во втората недела. Ќе биде видлив и за северната и за јужната хемисфера.

9. „Леонидс“

Овој метеорски дожд е предизвикан од движењето на Земјата во прашина која е остаток од кометата „Темпел-Тутл“. Речиси секојпат е спектакуларен за набљудување, а забележано е дека во 1833 година се гледале повеќе од 240.000 метеори во период од 9 часа на небото над САД и Мексико. Ќе се случи вечерта помеѓу 17 и 18 ноември, а ќе биде видлив насекаде во светот.

10. „Геминидс“

Последниот астрономски настан за 2018 година исто така е метеорски дожд. Овој сепак не е предизвикан од комета, туку изворот е прашината од астероидот „3200 Фаетон“. Ќе се случи помеѓу 7 и 17 декември, а кулминацијата се очекува да биде на 14. Настанот ќе биде видлив во северната хемисфера, а може да се набљудува и од тропските региони во јужната хемисфера.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука