X
 17.12.2017 Образование

Марк Закерберг: „Технологијата е решение за уништениот образовен систем во Америка“

mark
Фото: Getty Images

Во писмо поставено на „Фејсбук“ во средата, Марк Закербег пишува за она што тој и неговата сопруга Присила Чен го научиле за филантропијата во текот на 2017 година. Една од неговите главни идеи беше дека образованието ќе биде меѓу најголемите предизвици со кои ќе се соочува наредната генерација.

Закерберг смета дека има решение за уништениот училишен систем во Америка: повеќе технологија.

Неколкуте меѓународни тестирања по математика и наука покажуваат дека децата од сите возрасти во Америка се позади нивните врсници од многу развиени земји, според истражувачкиот центар „Пју“. Нема консензус зошто заостануваат децата од Америка, иако експертите шпекулираат дека тоа е поврзано со финансирањето на училишитата, недоволната обука на настаниците и нееднаквите можности за учениците од различни социоекономски средини.

„Потребно е да изградиме алатки за да ги поттикнеме наставниците во секое училиште за да обезбеди персонализирана настава и менторство за секој ученик“, напиша Закерберг.

Тој исто така потенцираше дека најдоброто образование е она што е прилагодено на индивидуалните потреби на учениците. Тој верува дека персонализираното учење е возможно само преку технологијата. Софтверот им овозможува на наставниците да ги прилагодат лекциите за учениците со различни нивоа на спосбности. Исто така, децата може да практикуваат вештини со апликации, како што прават во „АлтСкул“, старт-ап што развива едукативен софтвер и води мрежа од мали училишта во четири локации во Калифорнија и Њујорк. Технолошките инвеститори, вклучувајќи го и Закерберг, вложиле 175 милиони долари во ова училиште во 2013 година.

„Наместо учениците да седат во училницата и да го слушаат наставникот, како го објаснува материјалот на ист начин, истражувањата покажуваат дека учениците ќе имаат подобри резултати ако учат според свое темпо, врз основа насопствени интереси и во стил што им одговара“, пишува Закерберг.

Технологијата може да помогне учениците да го добијат ова искуство. Во „АлтСкул“, наставниците ги споделуваат наставните планови преку мрежа и избираат задачи за учениците врз основа на стратегиите за учење што најдобро функционираат за нив.

„Видовме дека постојат брилијантни наставници и училишни лидери што создаваат нови видови на училишта базирани на нови модели на учење - но тие училишта обично имаат стотина ученици, додека повеќето од нив сè уште немаат приста до нив. Нашата надеж е дека технологијата може да помогне во овој предизвик“, додава тој.

Во 2017 година, Чен и Закерберг продале акции од „Фејсбук“ вредни повеќе од 900 милиони долари, со цел да ги зајакнат реформите во училиштата, здравствената заштита и правдата.

Иницијативата „Чен Закерберг“ исто така донира во бесплатното приватно училиште во градот Источен Пало Алто, каде што повеќе од половина од учениците во локалната училишна област искусуваат бездомништво. Училиштето обезбедува основни здравствени услуги како дел од школувањето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование