X
 20.12.2017 Технологија

Најлошите лозинки за 2017 година

lozinka

Сме ги гледале оние клише филмови каде што некој по два обида успева да ја хакне лозинката на шефот/девојката/непријателот? Во реалноста работите се уште полесни, со оглед на очигледните и истите лозинки што ги поставуваат корисниците на интернет.

„СплешДата“, компанијата што стои зад апликациите за менаџирање на лозинките како „СплешАјДи“, „ТимсАјДи“ и „ЏиПас“, направила сопствена листа со над 5 милиони лозинки од документи и фајлови што протекле оваа година. Тие проценуваат дека речиси 10 отсто од корисниците искористиле барем една од лозинките што се наоѓаат на нивната листа. Нивната препорака е подолги, помалку очигледни лозинки и користење апликации за лозинки.

Во продолжение е листа со 25. најкористени лозинки во 2017 година:

123456
password
12345678
qwerty
12345
123456789
letmein
1234567
football
iloveyou
admin
welcome
monkey
login
abc123
starwars
123123
dragon
passw0rd
master
hello
freedom
whatever
qazwsx
trustno1
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија