X
 20.12.2017 Живот

Сценарија кои би можеле да се случат утре во Каталонија

Вонредните избори во Каталонија се закажани за утре, 21 декември. Во врска со ова само едно е сигурно: шпанскиот регион е длабоко поделен. Ставовите на сепаратистите и противниците на независноста речиси се непомирливи, пишува „Дојче веле“.


Какви сценарија би можеле да се случат? Се верува дека е можно да победи партијата што е против независноста - Куидаданос, формирана во 2006 година. Националистите доминирале уште од смртта на диктаторот Франциско Франко во 1975 година. Лидерката на партијата ветила дека ќе се фокусира на социјалните проблеми. Претседателот на државата, пак, замина во Белгија на крајот од октомври. Сега се соочува со обвинувања за бунтовност, побуна и злоупотреба на јавните фондови. Сепак, тој најави кандидирање додека е во егзил, ветувајќи дека ќе го врати достоинството на Каталонците.

Ориол Хункерас, заменик-претседателот, остана во притвор поради неговата улога во понудата за независност. Неговата партија има мала предност во анкетите. Бидејќи не се очекува никој од водечките кандидати да освои мнозинство, секој од победниците ќе треба да обезбеди поддршка од партиите ривали за да може да владее. Но, има и изгледи дека никој нема да ја изрази таа поддршка, па со тоа ќе се отвори пат за долготрајни преговори кои можат да резултираат со ќор-сокак.

Некои аналитичари сметаат дека постои веројатност поддршка да му се даде на Мигел Исета, кандидатот од социјалистите. Се верува дека тој има поголем потенцијал за дијалог отколку другите и ветил дека ќе бара амнестија за сецесионистичките лидери.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот