Приказната на К. Падмарајан е приказна за истрајност. 65-годишникот од индиската држава Тамил Наду учествувал на 238 политички избори во изминатите три децении и потрошил илјадници долари за котизација.
Најблиску до победа бил во 2011 година, кога се кандидирал за генералното собрание на градот Метура и добил 6.273 гласа. Бил далеку зад победникот, кој имал 75.000 гласа, но тоа му дало надеж дека еден ден можеби ќе победи.
Тој ден можеби ќе дојде во иднина, но според Падмарајан, победата е споредна цел. Одлучноста и прифаќањето на поразот се клучни, а никој не го прави тоа подобро од него.
- Сите кандидати бараат победа на изборите, но не и јас - вели тој.
Можеби мислите дека се шегува, но не. По 238 неуспешни избори, Падмарајан сака да ја продолжи неговата серија на порази. Годинава тој ќе се обиде по 239. пат, за време на изборите за пратеничко место во областа Дармапури, во државата Тамил Наду.
Неговата приказна започнала во 1998 година кога се кандидирал за позиција во неговиот роден град Метур. Знаел дека практично нема шанси, но сакал да покаже дека „обичниот човек“ има право да се кандидира за службени функции.
Во последните три децении тој ги загубил изборите од значајни личности, како што се индискиот премиер Нарендра Моди и неговите претходници.
За да ги инспирира луѓето да ги следат неговите стапки и да покажат истрајност во секојдневниот живот, Падмарајан им предава на студентите за решителност и надминување на поразот.
Затоа, воопшто не му пречи што го нарекуваат „кралот на изборите“ и „најголемиот губитник на светот“.
Извор:
Telegraf.rs
Фото: Screenshot/YouTube