Минатата недела еден Аргентинец случајно го купил доменот на локалната верзија на „Гугл“ за 540 аргентински пезоси, што е околу 300 денари.
Доменот бил достапен по истекувањето на рокот на важење, а ова предизвикало привремено затворање на пребарувачот во Аргентина. Николас Куроња го купил доменот на веб-страница за продажба на домени и известил за тоа на „Твитер“.
Роковите за важење на домените се достапни онлајн на веб-страници како „Ник“, на која Николас го купил доменот. Веројатно, од „Гугл“ заборавиле да го обноват доменот и за тоа кратко време Николас ја искористил шансата.
Меѓутоа, „Гугл“ го вратил доменот многу брзо и повторно бил достапен за корисниците во државата. Останува нејасно дали откупиле од Николас и колку ги чинело враќањето на доменот.
Автор: Уткарша Лахарија
Извор:
newsweek.com
Фото: Pixabay