X
 12.06.2017 Живот

Неверојатни факти за поврзаноста на човекот со кучињата

Кучето е пријател на човекот илјадници години. Оваа прекрасна врска меѓу Homo Sapiens и Canis Lupus familiaris има изненадувачки ефекти врз двата вида.

Зголемен имунитет – за живеењето со кучиња е докажано дека го намалува ризикот на астма и алергии кај децата и бебињата и други состојби поврзани со намален имунитет. Освен тоа бенефитите се чувствуваат уште во утробата, иако не е докажано зошто ова се случува.

Зголемен фокус – ако имате телефон полн со слики од Вашето милениче може многу да Ви се исплати. Со еден експеримент во 2012 се докажало дека луѓето кои гледаат во слики од кучиња имаат подобри резултати во задачи во кои се бара внимание. Сликите од постарите кучиња биле помалку ефективни.

Желба за пофалба – кучињата се социјални животни, тоа е и една од причините зошто се скротени. Што еднаш се зближите со нив, почнуваат да се грижат што мислите.

Повеќе уживање – споделувањето на Вашиот живот со куче е добро за Вашиот став и го намалува нивото на стрес и напнатост. Истражувањата откриле дека ова е особено важно во ситуации кога сте под голем стрес како кризи, природни катастрофи и во канцеларија.

Поздраво срце – помалку стрес значи и поздраво срце. Долгорочниот бенефит е и помал низок притисок и помал ризик од заболувања на срцето. Дури и неколку минути дружење со вашиот бушав пријател придонесуваат позитивно за Вашето здравје.

Зголемена емпатија – една студија од 2016 година покажала дека кучињата можат да читаат и одговараат на емоциите на луѓето што се покажуваат на ликот. На пример, тие не се смејат, но добро знаат што значи насмевката.

Повеќе вежбање – Тие нема да Ве предупредат кога ќе треба да одат надвор да вршат нужда. Ако слушнете лаење, ќе мора да трчате со нив и Вие надвор.

Учење на јазик – Разговорниот јазик и јазикот на телото очигледно се разликува кај двата вида, но една студија направена во Унгарија покажала дека тие одговараат на човечкиот глас и зборови.

Генетска поврзаност – Врската помеѓу човекот и кучето е реална и води корени од ДНКто на кучињата. Со одредени експерименти е покажано дека најсоцијалните миленичиња имаат генетска мутација која ги прави да бидат позаинтересирани во луѓето. Без тие абнормалности, според експертите, можеби никогаш не би ги припитомиле.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот