X
 22.12.2017 Живот

Овие маани се знак за висока интелигенција!


Девојка со сведната глава врз биро
(Фото: Thinkstock)


Секако дека високата интелигенција е предност, но не е и клуч за полесен, поедноставен, посреќен или поисполнет живот. Во одговорот на тоа дали може интелигенцијата да е проклетство за некои луѓе, психолозите објаснуваат дека таа може да има и свои негативни страни, за што потврдуваат и одредени научни студии.

1.    Често размислуваат наместо да чувствуваат

Високо интелигентните луѓе можат да ги разберат чувствата многу добро, да размислуваат и да разговараат за нив, но проблемот е во тоа што често не чувствуваат олеснување при нивното изразување. Тоа е многу чест проблем на многу интелигентните лица, особено на оние што одлично се изразуваат. Тие ги користат зборовите како „завеса од чад“. Помалку комуникативните и вербалните луѓе своето однесување го користат и како издувен вентил – ќе се развикаат, ќе фрлат нешто, ќе се расплачат, ќе танцуваат. Високо интелигентните ќе зборуваат како се чувствуваат, а кога ќе завршат со разговорот, сите тие чувства и натаму ќе останат заробени – вели психологот Маркус Гедулд.

2.    Луѓето очекуваат секогаш да блескаат


Од високо интелигентните луѓе општеството ќе очекува повеќе – да бидат најдобри во сè, без оглед за кое подрачје се работи, па тие немаат со кого да разговараат за своите слабости или за својата несигурност. Врз нив постои поголем притисок дека мора да успеат, па константно се под стрес. Тоа е очигледно уште од најмлада возраст – децата што се поинтелигентни генерално чувствуваат поголема анксиозност.

3.    Потешко ја учат вредноста на напорното работење

Факт е дека поинтелигентните луѓе знаат подобро да ги распределат своите задачи и побрзо да ја завршат работата, односно со помалку напор во споредба со некој со помала интелигенција. Сепак, тоа не значи дека интелигенцијата директно води кон успех, а високо интелигентните луѓе можеби и никогаш нема да развијат упорност што е неопходна за успех. Интелигенцијата станува проблем кога оние што ја поседуваат уште од најрана возраст откриваат дека не мора многу да работат за да ги следат другите, па никогаш не развиваат работни навики – истакнуваат психолозите.

4.    На луѓето им одат на нерви кога постојано ги поправаат

Без оглед дали се работи за неконвенционален или за сериозен разговор, интелигентните луѓе најчесто имаат потреба да ги поправаат другите ако кажат или ако тврдат нешто погрешно, а тоа значи дека другите ги доживуваат како „умни глави“ кои се напорни за дружење.

5.    Претерано анализираат

Луѓето со висока интелигенција премногу време трошат на размислување и анализи, и тешко дека можат да си помогнат во тоа. Од претераните анализи произлегуваат и претерани грижи, па дури и тешкотии во носењето одлуки – интелигентните сакаат да се стопроцентно сигурни во своите одлуки за да бидат уверени дека не грешат, што во повеќето животни ситуации е невозможно затоа што постојат и околности кога треба да се потпрат и на своите инстинкти, велат психолозите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот