Матју Рикард пред неколку години бил прогласен за најсреќен човек на светот. Тој ја добил оваа титула врз основа на 12-годишно истражување водено од неврологот од Универзитетот на Висконсин, Ричард Дејвидсон.
Во истражувањето, мозокот на Рикард бил поврзан со 256 сензори, а скенирањето покажало дека кога Рикард медитира, неговиот мозок произведува рекордно ниво на гама-бранови поврзани со свеста, вниманието, учењето и помнењето.
Освен тоа, скенирањето на мозокот на Рикард покажало дека тој има висока активност во левиот претфронтален кортекс во споредба со десната страна, што прави тој да чувствува абнормална среќа и да е помалку склон кон негативност. Со други зборови, нему му е полесно да биде среќен и подобро да реагира на стресот во споредба со просечниот човек. Затоа, Рикард бил прогласен за најсреќната личност на Земјата.
Кој е Матју Рикард?
Рикард е тибетски будист. Тој пораснал во близина на Париз. Неговиот татко бил политички коментатор, а мајка му сликала апстрактна уметност.
На 20-годишна возраст Рикард бил заинтригиран од документарен филм за тибетски будисти и патувал во Дарџилинг под Хималаите, каде што го прифатил будизмот. Тој ја убедил и мајка си да му се придружи, а таа ја напуштила Франција и станала калуѓерка.
Рикард го поминал поголемиот дел од животот на Хималаите, освен кога работел на својот докторат за клеточна генетика во Париз.
Тој работи како преведувач за тековниот далај-лама, а досега напишал повеќе книги. Најпозната книга му е „Монахот и филозофот: Татко и син разговараат за значењето на животот“ (англ. The monk and the philosopher: A father and son discuss the meaning of life).
Извор:
Medium