Министерството за образование и наука ги известува наставниците дека доставило препорака до директорите на основните и на средните училишта, прв работен ден на наставниците во 2018 година да биде 9 јануари.
- Согласно календарот за работни денови за учебната 2017/2018 година, ве известуваме дека до раководните лица на училиштата е доставена препорака деновите што следуваат по новогодишните празници да бидат неработни, односно вашите работни обврски да започнат на 9 јануари.
Оваа препорака е согласно Календарите за организација на учебната 2017/2018 година, за основните и средните училишта каде по две саботи во првото полугодие и две саботи во второто полугодие се предвидени како работни денови.
Исто така, оваа препорака е со цел да се почитува правото на вработените во училиштата на 40-часовно работно време во петдневна работна недела, како и со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти.