X
 22.11.2021 Образование

Трет рок за аплицирање за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука информира дека до 30 ноември повторно може да се аплицира за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Од МОН истакнуваат дека можат да се пријават сите студенти што ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и/или да го остварат ова право во првиот и вториот рок. Оваа можност ќе биде достапна секој месец и тоа од 20 до 30, односно 31 во месецот.

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

- Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето, односно добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по која било основа поголем од минималната плата - стои во соопштението.

Во него се истакнува дека досега правото на субвенциониран студентски оброк го оствариле 18.105 студенти.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование