X
 16.07.2018 Живот

Која е најбезбедната земја за патување во 2018 година?



Главни критериуми при планирањето на секое патување се убавите предели, сонцето, плажите, песокот, но да не заборавиме дека пред сè најважна е безбедноста.

Од тие причини, неодамнешно истражување покажува која земја е најбезбедна за патување. Истражувањето опфатило 142 земји во светот, а учесниците ги споделиле своите искуства од земјите во кои живеат и некои други важни информации што довеле до составување на конечната листа.

Така, на прво место се најде Сингапур, а следните три места ги зазедоа Норвешка, Исланд и Финска. На петтото место се најде помалку позната дестинација – Узбекистан.



Вертикални згради во Сингапур
(Фото: Pixabay)


„Проблем е што во некои опасни средини луѓето не пријавуваат дека се малтретирани и измачувани, па не постои никаква официјална документација за ситуацијата во одредена земја“, наведува авторот на студијата, Џон Клифтон, од агенцијата „Галуп“ што го спровела истражувањето.

Значи, нема сомнеж дека најголемо изненадување на листата е Узбекистан, која и не е толку позната како безбедна земја. Клифтон сугерира дека високото петто место што го зазеде оваа земја е првенствено поради авторитарната власт што влијаела врз одговорите.

„Во прашање е страв. Луѓето не го изнесуваа своето искрено мислење од страв дека интервјуто нема да биде анонимно“, додава тој.

Македонија се најде на 67. место на оваа листа.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот