X
 26.10.2018 Живот

Електронски мозок - првата електронска машина за пресметување во Југославија

Јануари, 1953 година: Во Институтот „Никола Тесла“ во Белград, анонимна група на луѓе, на чело со инженерот д-р Обрадовиќ, ја создала првата електронска машина за сметање во Југославија и трета во Европа.

Во една просторија на институтот стои овој гигантски филозоф што не капитулира ниту пред најкомплексните математички операции, потпирајќи се на својот електронски мозок. Неговиот мозок го сочинуваат 200 електронски цевки, а неговата крв илјада испреплетени жици, што доаѓаат до киклопското око - осцилографот.

Ова око ги изразува неговите чувства и мисли. Рамните, контрастни црно-бели полиња на овој електронски мозок изгледаат пријатно, задоволувајќи го естетскиот вкус на современиот човек. Тука се наоѓаат голем број „шалтери“, со чија помош се поставуваат различни математички проблеми, со кои се стимулира и се храни мозокот на оваа молчелива и замислена машина.

2

Оваа електронска машина ќе биде, а и веќе е, од огромна важност за нашиот економски и индустриски развој, а особено за развојот на електроекономијата, за што е првично адаптирана.

Нашите дедовци едвај знаеле за електричната струја. Струјата полека навлезе во домовите, носејќи ренесанса на едно време. Оваа струја на почеток ги задоволувала скромните цели, таа главно служела за разбивање на темнината, за создавање светлина.

Пред 30-40 години еден човек во електричната централа постојано ги набљудувал напоните и ги нагодувал.

Кога се појавиле светилките со современ принцип, чувствителни на напон, што смеат да варираат само плус, односно - 5 до 100, кога струјата, освојувајќи ги домовите, навлезе во индустријата, нашиот човек, кој ги набљудувал напоните, даде оставка од својата неблагодарна положба.

Неговата оставка беше прифатена и на негово место дојде машина што сама ги мери напоните, и тоа деноноќно. Така биле создадени справите за автоматско нагодување на постојан напон.

Но, незадржливиот електрицитет насекаде ги демонстрирал својата сила и останатите предности. Кога струјата почна да го освојува светот, сомнителните луѓе ја отфрлија; електричните централи ја изгубија својата автономија, поврзувајќи се помеѓу себе. Струјата за брзо време ги премина и националните граници.

Сите физички промени на мрежата и нивниот математички еквивалент се реализираат на електронската машина со обично копче. Директно, на осцилографот, се гледа како промената влијае врз текот на регулацијата на мрежата.

2

Во секоја секунда, „мозокот“ десетпати го повторува решението и го црта на осцилографот, што личи на телевизиски апарат. Како што на телевизија се гледаат сликите, така на осцилографот се гледаат решенијата за проблемите. Во една десеттинка од  секундата се добиваат резултатите, за кои инаку би биле потребни недели, месеци, па можеби и години.

Во Европа ниедна земја освен Југославија нема електронска машина од овој вид. Французите имаат механички анализатор. Американците за своите машини долго време мора да ги пресметуваат сите елементи на аналогни електрични големини, што е многу подолго.

На југословенскиот анализатор ова поставување се врши едноставно и брзо, со што се разликува од сите во светот.

Автор: Југопапир
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот