Постојат ризици за здравјето од сонцето, но тоа има и позитивни здравствени ефекти. Освен физичките поволности, изложеноста на сончева светлина позитивно влијае и врз менталното здравје.
Повеќе витамин Д
Витаминот Д е важен за телото бидејќи помага за намалување на воспаленијата и игра улога во растот на клетките. Тешко е да се внесе доволно количество на овој витамин само преку исхрана, а сонцето е најдобар природен извор на витаминот. Потребни се само 5-15 минути сончева светлина неколку пати неделно.
Подобро расположение
Сончевото време навистина го подобрува расположението. Истражувачи откриле дека луѓето се соочуваат со повеќе ментални проблеми кога се помалку изложени на сонце. Од друга страна, сончевите денови се поврзани со подоброто ментално здравје. Со излегувањето надвор во сончев ден ни се зголемува нивото на серотонин, а може и да се намалат симптомите на анксиозност и депресија.
Фото: Pixabay
Подобро спиење
Серотонинот кој се лачи поради сончевите зраци помага да спиете помирно. Заедно со серотонинот работи и мелатонинот, хемикалија во мозокот која ве успива и која, исто така, се лачи повеќе на сончева светлина. За најдобро спиење обидете се да добивате максимална сончева светлина во текот на денот, а да спиете ноќе.
Посилни коски
Витаминот Д, кој природно се внесува со изложеност на сонцето, е поврзан со здравјето на коските. Ниското ниво може да доведе до појава на болести на коските.
Крвен притисок
Кога сончевата светлина доаѓа до кожата, телото ослободува азот оксид во крвта. Ова го намалува крвниот притисок и го подобрува здравјето на срцето. Одржувањето здрав крвен притисок може да го намали ризикот од срцеви болести и мозочен удар. Чувството на опуштеност, исто така, може природно да го намали крвниот притисок, така што зголемувањето на среќата со впивање на сончевите зраци помага и во регулација на крвниот притисок.
Извор:
Studenti
Насловна фотографија: Pixabay