X
 24.08.2022 Култура

Излезе нов трејлер за најскапата серија на сите времиња - една епизода чини 51 милион евра

Пристигна новиот трејлер за долгоочекуваната серија-претходник на „Господарот на прстените“.
Серијата „Господарот на прстените: Прстените на моќта“ ќе биде достапна за гледачите на „Амазон прајм“ од 2 септември.

По неколку години чекање и возбуда, остануваат уште само неколку недели до премиерата на серијата која е означена како најскапа во историјата - 51 милион евра чини една епизода. Сумата за снимање на целата серија чинела повеќе од 460 милиони евра.

Серијата доаѓа по речиси 20 години од последниот филм од трилогијата „Господар на прстените“ и треба да ги врати обожавателите во Средната земја за да ја гледаат приказната сместена илјадници години пред настаните во „Хобит“ и „Господар на прстените“.

Авторот Патрик Мекеј вели дека креаторите не беа заинтересирани да направат серија за помлада верзија на истиот свет што го познавате.

- Сакавме да одиме далеку, назад во времето и да најдеме приказна што може да застане на свои нозе. Ова беше нешто што чувствуваме дека не беше кажано на ниво и размер и со длабочина што чувствувавме дека ја заслужува - вели тој.

Описот на серијата ветува воведување на група ликови, познати и нови, како Галадриел, Елронд и Гил-галад кои веќе беа откриени во претходните тизери и слики.

Снимена во Нов Зеланд, серијата е сместена во ера кога се создавале големите сили.



Извор: Klix.ba
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура