Фотографот Дери Моронеј живее на средниот брег на Нов Јужен Велс, во заедницата Бримс Хед. Последните три години тој фотографира пејзажи, животни и инсекти.
- Со оглед на тоа што во близина ми се беспрекорните плажи и националниот парк Јурајгир, не мораше да патувам далеку за прекрасни фотографии - вели тој.
Во јули 2020 година Моронеј ја следел водата од уститието во Брумс Хед, па случајно наишол на езерото Какора. Користејќи го својот дрон, тој успеал да направи неверојатни фотографии.
Фото: Instagram
- Маслото од чајните дрвја ја обоило водата што тече во езерото по големото невреме - вели тој, опишувајќи ги обрасците како дрво на животот.
- Кога првпат ги видов обрасците, помислив дека станува збор за дрво на животот, па мислам дека луѓето се многу импресионирани токму од тоа. Бев воодушевен од езерото - вели фотографот.
Извор:
BBC
Фото:
Instagram