X
 31.03.2023 Забава

Луксузно одморалиште нуди работа од соништата - фотограф на меден месец

Луксузно одморалиште на Малдивите нуди работа од соништата за фотографи-аматери и фотографи-професионалци.

Висококвалитетната туристичка компанија „Куони“ нуди работна позиција за прв фотограф во резиденција за меден месец, лоцирана на Малдивите.

Од „Куони“ велат дека работата на фотографот за меден месец е можност за амбициозните фотографи да го изградат нивното креативно портфолио.

Додека работи како фотограф за меден месец, фотографот ќе има можност да биде сместен во луксузните четири одморалишта „Куони“ на рајските острови Курамати, Кандолху, Барос и Веласару на Малдивите.

Исто така, на кандидатот што ќе ја добие работата ќе му биде дозволено да донесе асистент за фотографија. Кандидатот ќе добие 3.697 долари за тринеделната задача и ќе му бидат покриени сите трошоци, вклучувајќи храна и пијалаци.


Задача на фотографот ќе биде да направи фотографии од младеницте кои се на меден месец во луксузните одморалишта. Пред да замине на островите, избраниот кандидат ќе добие и лична обука од Сандра вон Реикоф, позната фотографка на венчавки која снимила многу кралски свадби, вклучувајќи ја и свадбата на принцезата Евгенија, ќерка на принцот Ендрју (братот на принцот Чарлс) и Сара Фергусон, војвотката од Јорк.

- Избраниот кандидат ќе има можност преку фотографиите да им овозможи на младенците повторно да го доживеат нивното незаборавно искуство на меден месец во годините што следуваат- велат од „Куони“.

За да учествуваат во натпреварот, кандидатите мора да ја прикачат нивната најдобра фотографија од портрет на личност или пар, заедно со најдобрата фотографија од дестинација. Исто така, ќе треба да образложат зошто баш тие треба да бидат избрани.

Крајниот датум за пријавување е 28 април, а успешниот кандидат ќе биде објавен на 10 мај. Од „Куони“ велат дека успешниот кандидат не треба да биде професионален фотограф, туку треба да има талент за креативна содржина.

Повеќе информации за огласот за работа и за пријавувањето можете да добиете ТУКА.

Извор: Petapixel.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава