X
 06.02.2021 Живот

Еве како изгледа љубовта во животинското царство низ објективот на фотографот Горан Анастасовски

Идејата за љубов е универзална. Опфаќа култури и време. Постојат цели индустрии изградени за поттикнување љубовни врски помеѓу луѓето. Но, љубовта и наклонетоста не се ексклузивни само за луѓето.

Во дивината, животните постојано покажуваат нежни мигови на наклонетост.

Познатиот македонски фотограф Горан Анастасовски помина 15 години усовршувајќи ги своите вештини во фотографијата на дивиот свет за да може да ги сподели своите прекрасни дела со другите.

На неговите фотографии се претставени животни од целиот свет, вклучително и волци, рисови, елени, мајмуни и жирафи.

- Мојата идеја за фотографирање животни е да им ја покажам на луѓето убавината на животните и да покажам дека животните имаат карактер и покажуваат љубов дури и повеќе од луѓето - вели Анастасовски за веб-страницата „My Modern Met“.

- Фотографирањето животни е мојата најголема страст и ако можам да направам барем една личност да се грижи малку повеќе за животните, мојата цел ќе биде постигната. Секогаш потенцирам дека фотографирањето животни е подобро отколку убивањето и нивното ловење. Адреналинот е ист кога фотографирате, па затоа е подобро да бидете фотограф отколку ловџија - вели тој.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram/Goran Anastasovski
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот