X
 17.08.2022 Политика

Република во Франција станала независна поради шега

Мали се шансите да сте слушнале за република Сожо, која се наоѓа во источниот дел на Франција, во близина на границата со Швајцарија. Станува збор за заедница која не признава никого, но и која не е признаена од никого.

Малата република има површина од 128 квадратни километри, а во неа живеат 5.000 жители. Нејзина престолнина е малото гратче Монтбеноа.

Сè почнало на шега кога владин претставник стигнал во Монтбеноа за службен настан. Сопственикот на хотелот каде што тој престојувал, Жорж Пурше, го прашал дали има дозвола за влез во републиката Сожо, на што владиниот претставник се збунил и почнал да поставува прашања за необичната држава во држава.

Сопственикот на хотелот импровизирал, а владиниот претставник се шегувал дека Сожо навистина изгледа како мала република, но ѝ недостига претседател, па го прогласил сопственикот на хотелот за претседател на Слободната Република Сожо.


Фото: Wikipedia

По смртта на Пурше, претседателка на републиката станала неговата сопруга, која именувала премиер и амбасадори, а песна напишана на локалниот дијалект била прогласена за национална химна.

Химната е хумористична и ги велича нивните мажи како силни војници. Во 1997 година биле издадени и посебни монети и поштенски марки.

Во 2005 година починала претседателката на Сожо, а ја наследила нејзината ќерка. Сегашниот претседател, Симон Марке, е на должност од оваа пролет.

Сожо прогласи независност во 1947 година, но не е меѓународно признаена.

Извор: Pun kufer
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика