X
 17.02.2016 Живот

Што може да научиме од Јапонците за животот?

Секоја нација е исклучително добра во една работа. Швајцарците го имаат чоколадото, Германците автомобилите, а Јапонија ја има тајната за едноставниот живот. Што може да научиме од нив за едноставноста на животот?

Одбегнување на сè што ве влече долу

Тајната за јапонската ефикасност е едноставното игнорирање и одбегнување на она што ги влече надолу и не ги поттикнува. Направете листа: што ви ја одзема енергијата, а што прави да се чувствувате добро? Од кое треба да се откажете? Целта е да се биде реалист, не идеалист.

Простор

Повеќето Јапонци кои живеат во големите градови имаат малку простор за живот. Доколку сакаат нешто ново, тие мора да се ослободат од нешто. Од нив може да научиме дека квалитетот е подобар од квантитетот. Наместо 10 блузи купени на распродажба може да имате 3 кои се квалитетни и кои навистина ќе ги носите.

Без грицки

Во Јапонија, луѓето јадат три целосни оброци со сите потребни состојки. Во Јапонија е речиси невозможно да се види човек како јаде на улица. Ние, од друга страна, ги тренираме нашите тела да покажуваат глад на првата фотографија од сочен хамбургер.

Пари

Јапонците се облекуваат убаво, но не се „робови“ на модата. Тие трошат на неколку убави работи и ги чуваат. Повторно, заборавете на квантитетот.

Време

Повеќето од нас имаат навики кои ни го одземаат времето, кои не носат ниту задоволство ниту награда. Ослободете се од овие навики бидејќи тие само ви го одземаат времето кое може да го искористите за нешто друго.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот