X
 17.11.2022 Живот

Трошоци за здравствена заштита и најдолг животен век по земји во светот. На кое место е Македонија?

Во текот на минатиот век, очекуваниот животен век е повеќе од двојно зголемен благодарение на иновациите и откритијата во различни медицински области поврзани со санитарните услови, вакцините и превентивната здравствена заштита.

Но, иако просечниот животен век на луѓето значително се зголеми на глобално ниво, сè уште постои забележителен јаз во просечниот животен век помеѓу различни земји.

zitoven vek
Фото: World Bank Global Health

Кое е објаснувањето за оваа поделба? Според податоците на Светската банка составени од „Труман Ду“, тоа може делумно да биде поврзано со парите што една земја ги троши за здравствената заштита на граѓаните.

Повеќе трошење генерално значи повеќе години живот

Најновите достапни податоци од Светската банка ги вклучуваат и трошоците за здравствена заштита по глава на жител од 178 различни земји и нивниот просечен животен век. Можеби не е изненадувачки, анализата покажа дека земјите што потрошиле повеќе за здравствена заштита имаат повисок просечен животен век, додека ја достигнат границата од 80 години.

Сепак, имало неколку исклучоци. На пример, додека САД најмногу потрошиле од која било земја вклучена во базата на податоци, нивниот просечен животен век од 77 години е помал отколку во многу други земји што трошат помалку по глава на жител.

македонија
Фото: Visual Capitalist

Македонија се најде на 67. место од вкупно 175 земји. Во нашата земја просечниот животен век е 76 години, а трошоците за здравствена заштита по глава на жител изнесуваат 437 долари.

Што се случува во САД?

Иако постојат неколку фактори што се важни, истражувачите веруваат дека за тоа придонесува повисоката стапка на смртност на доенчињата во земјата, заедно со повисоката релативна стапка на насилство меѓу младите возрасни.

На другиот крај од спектарот, Јапонија, Сингапур и Јужна Кореја имаат највисок очекуван животен век на листата и покрај нивната релативно ниска потрошувачка по глава на жител.

Вреди да се напомене дека ова не било секогаш случај - во 60-тите години очекуваниот животен век во Јапонија беше всушност најнизок меѓу земјите од Г7, а во Јужна Кореја беше под 60 години, што ја прави една од првите 30 земји по подобрен животен век.

Всушност, во последните 60 години многу земји значително го зголемија својот просечен животен век од 30-40 години на над 70 години.

prvi zemji
Фото: Visual Capitalist

Колку висок може да биде просечниот животен век?


Неодамнешното истражување објавено од „Нејчр комјуникејшнс“ покажува дека, под соодветни околности, човечките суштества имаат потенцијал да живеат до 150 години.

Проекциите на ОН предвидуваат дека растот ќе биде поделен, при што развиените земји ќе забележат поголем животен век од регионите во развој.

Проценет животен век во иднина

vek
Фото: UN Department of Economic and Social Affaris

Но, според Светскиот економски форум (користејќи ги податоците на ОН), голема е веројатноста дека јазот меѓу развиените земји и земјите во развој ќе се намали со текот на времето.

Извор: Visualcapitalist.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот