X
 25.01.2017 Живот

Најголемите дупки на Земјата ископани од човекот

Не може да се копа до центарот на Земјата, но тоа не спречило многумина да се обидат. Ова се неколку од најголемите дупки на светот, се разбира ископани од луѓе.

„Кола супердип борхол“, Русија


Длабока 120 километри внатре во земјата. Руските научниците започнале со копање на дупката во 1970 година, за експерименти. Но, температурата на таа длабочина не дозволувала користење на потребните алатки, па местото е напуштено уште од 2008 година.

„Рудникот Бингам“, Јута

Стар 100 години, рудникот за бакар се наоѓа во планина во Солт Лејк Сити, Јута. Сега е именуван за Национално историско обележје, па туристи може и да го посетуваат.

„Рудникот Кимберли дајмонд“, Африка

Направена со 50.000 мини, дупката е направена во 1866 година. Од неа се извадени повеќе од 2.500 килограми дијаманти, а сега е туристичка атракција.

„Рудникот Дијавик дајмонд“, Канада


Креирана во 2003 година, а до неа може да се стигне само со авион. Но, само ако има поволни временски услови.

„Беркли пит“, Монтана


Отворена во 1955 година, но потоа била затворена во 1982. Од тогаш се полнела со подземни води и вода од дожд. Комбинирано со тешки метали и хемикалии од претходните рударски активности, водата се претворила во многу отровна.

„Рудникот Мирни“, Русија

Ископувањата на дијаманти започнале во 1955 година. Русите уште изведуваат рударски активности внатре.

„Опсерваторија Неутрино“, Антартик


Оваа станица има 86 кабли кои се поставени под мразот, кои се поврзани со 60 дигитални оптички модули кои обезбедуваат информации од длабочините. Потребни биле седум години ископувања за да се постават каблите.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот