X
 05.08.2024 Живот

Колку пари заработи Новак Ѓоковиќ со освојувањето на златниот медал на Олимписките игри?

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз, откако во големото финале го совлада шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со 2:0.

Овој спектакуларен успех му донесе не само престижен медал туку и значајна финансиска награда. Ѓоковиќ со освојувањето на златниот медал заработи 200.000 евра во динари.

Дополнително, како носител на национална спортска награда, Ѓоковиќ ќе добива и доживотен месечен паричен приход во износ од 252.681 динари, што претставува три просечни нето заработувачки во Србија за месец декември претходната година.

Оваа награда е дел од иницијативата на Владата на Србија да ги награди спортистите за исклучителни спортски резултати и да придонесе за нивната финансиска сигурност.

Освојувањето на златниот медал на Ѓоковиќ уште еднаш го потврди неговиот статус на еден од најголемите спортисти во историјата на Србија и светот, а сигурно е дека неговите историски успеси ќе останат запишани во историјата на тенисот.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот