Во неделата Новак Ѓоковиќ не играше само за титула во Мелбурн, туку и за влез во трката за титулата најдобар тенисер во историјата.
Бројот на Гренд слем титули е најочигледен и најлесен систем на мерење кога станува збор за тоа кој ќе биде „GOAT“ („Greatest of all time“, односно најдобар на сите времиња).
Ѓоковиќ ја освои 18. титула на „Аустралија опен“, а Рафаел Надал и Роџер Федерер имаат по 20.
Победата на Новак против Данило Медведев од Русија, за деветта титула во Мелбурн, може да биде многу важна за таа трка.
Зошто? Бидејќи 33-годишниот Ѓоковиќ е една година помлад од Надал и времето е на негова страна, особено во однос на 39-годишниот Федерер.
Сепак, некои љубители на тенисот сметаат дека дискусијата за најдоброто во историјата нема смисла и дека го поткопува успехот на секој играч поединечно.
Како што велат, бројките не можат да ја покажат целосната слика и не е можно да се споредат нивните различни стилови, физичка и ментална сила или како ги надминале тешките моменти во нивните кариери.
Сепак, дебатата за најдоброто во историјата расте, па „Би-би-си спорт“ ја спореди статистиката на големата тројка.
Гренд слем титули - од голем фаворит до трка на тројката
Трката за најдобар тенисер во историјата - барем кога станува збор за титули на најголемите турнири - е поблиску отколку што беше.
Кога Федерер го престигна Пит Сампрас во 2009 година - со освојување на 15. Гренд слем титула на 27-годишна возраст - многумина сметаа дека ќе биде тешко некој да го достигне. Во тоа време 23-годишниот Надал имаше само шест Гренд слем титули, а 22-годишниот Ѓоковиќ имаше само една.
Фото: ATP
Федерер во периодот од 2003 до 2010 година освојуваше барем една Гренд слем титула годишно. Но, неговиот пад почнал во 2011 година, кога Ѓоковиќ сериозно го подигна нивото на играта и освои три титули.
Швајцарецот освои уште една титула на
Вимбилдон во 2021 година, но во наредните 4 години, поради квалитетот на ривалот и поради повредите, не освои ниту еден пехар.
Надал и Ѓоковиќ му се приближија и повеќето го отпишаа, но во 2017 година доживеа ренесанса и за брзо време освои уште три.
Така беше сѐ до 2019 година, кога Надал и Ѓоковиќ ги поделија титулите со четири Гренд слема.
Сега, првпат од 2009 година, кога Федерер накратко го делеше тронот со Пит Сампрас, Федерер има друштво - Надал минатата година ја освои 20. Гренд слем титула на Ролан Гарос.
Некои веруваат дека доминацијата на Надал на „Ролан Гарос“ би можела да значи дека тој не е толку комплетен играч како Федерер и Ѓоковиќ. 13 титули од вкупно 20 ги освои на најпрестижните турнири во Париз.
Фото: BBC
Ниту Федерер ниту Ѓоковиќ не беа толку доминантни на ниту еден турнир, ниту кој било друг тенисер или тенисерка во историјата на белите спортови.
Сепак, двајцата имаат Гренд слем каде што со години беа доминантни и каде што го држат рекордот по бројот на освоени титули.
Ѓоковиќ освои 9 од 18 Гренд слем титули во Австралија, а Федерер освои 8 од вкупно 20 на вимбилдонската трева. Сепак, една работа и понатаму им бега на сите тројца.
Ниту Федерер, ниту Надал, ниту Ѓоковиќ не успеа да стигне до титула прв тенисер во ерата на „Опен“ што двапати ќе ги освои секој од четирите Гренд слема.
Ѓоковиќ имаше можност да го стори тоа минатата година против Надал во финалето на „Ролан Гарос“, но беше убедливо поразен.
Какви се резултатите?
Ова е област во која Ѓоковиќ е најсилен.
Ѓоковиќ е подобар од Федерер, дури и ако се земат предвид само Гренд слем титулите, но не и од Надал токму поради минатогодишниот пораз на „Ролан Гарос“. Исто така, Надал двајцата ги победувал најголеми ривали најмногу пати на патот до Гренд слем титулите.
Листата изгледа вака: Надал 16, Ѓоковиќ 13, Федерер 6
Времето поминато како број еден
Покрај Гренд слем титулата, еден од клучните аргументи во дебатата за „GOAT“ е и времето поминато на позицијата најдобар тенисер во светот. Федерер беше тенисер што најмногу недели помина на врвот, но Ѓоковиќ наредниот месец ќе го престигне.
Ова значи дека Ѓоковиќ на 8 март ќе ја почне 311. недела на врвот на АТП-листата, што е најмногу во историјата. Зад него се Федерер со 310, Сампрас 287, Иван Лендл 270, Џими Конорс 268 и Надал 209.
Иако Гренд слем турнирите привлекуваат најголемо внимание поради престиж, сепак, има многу турнири кои треба да се земат предвид ако зборуваме за најдобрите досега.
Кога станува збор за нив тројца, Федерер има најмногу титули, но не и најмногу во историјата - Американецот Џими Конорс е на врвот со 109 титули.
Федерер води и кога станува збор за последниот турнир во сезоната, за кој многумина сметаат дека е петти Гренд слем турнир.
Швајцарецот има шест титули на тој турнир, Ѓоковиќ пет, а Надал ниту една - тој загуби од Федерер во 2010 година и од Ѓоковиќ во 2013 година, но не учествуваше дури девет пати поради повреди.
Тука се и деветте „Мастерс“ турнири. Од 2009 година тие се одржуваат во Индијан Велс, Мајами, Канада, Синсинати, Шангај, Париз, Монте Карло, Мадрид и Рим. Минатата година, поради вирусот, се одржаа само турнири во Синсинати и Рим. Ѓоковиќ победи и двата пати.
Победата во Рим беше 36. Мастерс-титула за Ѓоковиќ. Надал има 35, Федерер 26, Андре Агаси 18, а Енди Мари 14.
Исто така, во 2918 година Ѓоковиќ стана првиот тенисер во историјата што ги освои сите 9 турнири „Мастерс“, што досега никој не успеал да го направи.
Извор:
BBC Sport
Фото: BBC