X
 09.11.2018 Живот

Индиската престолнина проголтана од густ смог

Густ смог го обви главниот град на Индија, Њу Делхи, а квалитетот на воздухот се влоши и е на опасно ниво по прославата на хиндуистичкиот фестивал Дивали.

За време на прославата десетици луѓе палеа петарди. Училиштата се затворени за празникот, па многу деца останаа дома за да го избегнат загадувањето на воздухот, кое за само еден ден се зголеми од 200 на 680 ситни честички. Таа количина е 20 пати повисока од нивото што Светската здравствена организација го смета за безбедно.

Фото: Kurir.rs

Индиската влада наведе дека загадувањето е резултат на палењето на земјоделските површини и на огнометите.

Индискиот институт за тропска метеорологија соопшти дека се очекува засилениот ветар да го разреди загадувањето за два-три дена.

Фото: Kurir.rs

Многу од лицата што славеле биле глуви за наредбата на Врховниот суд - огномети или петарди да се палат само два часа во средата вечерта и да се произведуваат или продаваат само петарди што помалку го загадуваат воздухот.

Фото: Kurir.rs

Властите се обидоа да го намалат загадувањето и со наредби до градителите да ги покријат градежните локации. Електраните на јаглен во главниот град на Индија се затворени.

Фото: Kurir.rs

Министерството за сообраќај проверува дали автобусите што влегуваат во регионот имаат соодветни документи за издувните гасови. Владата им забрани влез на дизел-возилата во Њу Делхи до задутре за да го контролира нивото на загадување. Се пропуштаат само дизел-камионите со кои се внесува храна. 
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот