Стареењето е неизбежно и привилегија за сите што ќе ја „преживеат“ младоста. Но, прифаќањето на промените во телото и начинот на живот може да е тешко за некои луѓе.
Всушност, во Велика Британија во просек постојат 5.400 пребарувања на „Гугл“ за најдобар крем против стареењето.
Но, кои се позитивните страни на стареењето?
Канцеларијата за национална статистика неодамна откри дека бројот на луѓе над 85 години во Велика Британија се предвидува дека ќе се зголеми од 1,6 милион во 2018 до 3 милиони до 2043 година. Како што повеќе луѓе ги достигнуваат „сребрените“ години, време е да ги прославиме придобивките што ги носи стареењето.
Неодамнешно истражување спроведено на 2.000 возрасни на возраст над 50 години се обиде да ги открие нивните перцепции за стареењето. Што е најважно, истражувањето имало цел да открие работи што им се допаѓале на постарите во врска со стареењето - придобивките што сите треба едвај да ги чекаме.
Фото: Pixabay
Испитаниците, кои живеат во Велика Британија, одговарале на збир на прашања и список со аспекти на стареењето од кои требало да изберат. 25 отсто од испитаниците се чувствувале позитивно во врска со стареењето. Речиси половина од жените (47 отсто) или се согласувале или делумно се согласувале дека нивната самодоверба расте со возраста. 41 отсто сметаат дека се зголемило и нивното чувство на исполнетост.
Во меѓувреме, 43 отсто од мажите верувале дека нивната самодоверба се зголемила, а 40 отсто сметале дека развиле чувство на исполнетост.
Најдобрите работи поврзани со
стареењето:
- Животното искуство;
- Удобноста во сопствената кожа;
- Поголемо чувство на благодарност за помалите работи во животот;
- Независност и слобода (можеби поврзано со тоа што не се врзани за работата или семејството);
- Способност полесно да се справат со работите.