Првиот впечаток е најважен, а ова ќе ви го каже секој кариерен советник. Луѓето во првите неколку секунди стекнуваат впечаток за вас кој е траен. Но, не е фер да оформиме мислење за некого врз основа на првите неколку секунди, меѓутоа луѓето функционираат на ваков начин.
Затоа важно е каков впечаток оставате, особено кога станува збор за вашата работна средина, затоа што тука сакате да изгледате дека сте способни, дека знаете и можете да направите сè. За среќа, постојат некои едноставни стратегии кои можете да ги искористите, а кои ќе ве прикажат како компетентна личност.
Првиот и најлесен совет е да зборувате побрзо. Истражувачите од Универзитетот Бригам Јанг пуштиле снимки на шест лица за кои се сметало дека се бавни и брзи. 28 студенти ги слушнале снимките и заклучиле дека оние кои зборуваат брзо звучат како повеќе способни.
За жените е важна шминката. Пред пет години, Ненси Еткоф од Универзитетот Харвард спровела истражување во кое 250 возрасни луѓе гледале фотографии од 25 жени со различна количина на шминка. Една четвртина од жените на фотографиите немале никаква шминка, а другата четвртина имала малку шминка за да се постигне природен изглед. Трета четвртина имала повеќе шминка: за да се постигне природен но малку подотеран изглед, а последната четвртина имала најмногу шминка и гламурозен изглед.
Според испитаниците, жените со најмногу шминка се прогласени за најспособни, а жените со најмалку шминка за најмалку способни.
Следната работа на која треба да внимавате е барањето помош. Истражувањата велат дека треба да барате помош. Иако изгледа контраинтуитивно, барањето помош и совети е поврзано со проценка на компетенцијата на соговороникот. Во еден експеримент од Харвард, 170 студенти работеле на серија на компјутерски задачи. Во текот на истражувањето, на студентите им рекле дека ќе имаат партнери со кои ќе ја работат задачата. Партнерот бил симулиран компјутер. После завршувањето на задачата, компјутерот нудел две можности. Првата била да искоментира дека задачата поминала одлично, а втората можност било да каже: „Се надевам дека сè помина одлично. Дали имаш некаков совет?“ Учесниците процениле дека симулираниот партнер кој го прашале за совет бил покомпетентен.
Зошто е тоа така? Истражувачите велат дека барањето на помош ја вреднува интелигенцијата на личноста од која барате помош, со што помага да имате подобро мислење за неа.
Сè си има свои граници па така и барањето помош, особено ако сте маж. Едно истражување од 2015 година спроведено на 65 студенти по економија покажало дека луѓето кои помалку бараат помош се сметаат за поспособни од луѓето кои повеќе бараат помош.
Понекогаш добро е да се однесувате ладно и дистанцирано. Истражување од 2009 година спроведено од белгиски и американски психолози, покажува дека групите на луѓе кои се потопли се сметаат за помалку способни.
Кога станува збор за социјалните мрежи, научниците велат дека наједноставниот совет е профилната фотографија да ја сликате од поголема далечина. Истражување од 2012 година го открива токму ова. 18 мажи биле перцепирани како поспособни, поискрени и попривлечни кога биле фотографирани од околу еден метар и пол оддалеченост, во споредба со фотографии направени на помалку од половина метар оддалеченост.