X
 17.03.2020 Живот

Во Кина ќе се гради хотел со зоолошка за луѓе

Со децении луѓето ги уништуваат природните пејзажи во Азија сечејќи ги дрвјата и градејќи луксузни одморалишта во најубавите локации, а дивите животни ги ставаат во кафези за да привлечат туристи. Архитектот на хотели Бил Бенсли сака да му стави крај на тоа. Кога клиент му пристапил со понуда за дизајнирање одморалиште во кое би имало зоолошка градина, тој му предложил обратна идеја: да се затворат луѓето во кафези, а егзотичните и загрозени животни да шетаат наоколу слободни.

Звучи лудо? Бенсли е познат по своите откачени идеи и бил нарекуван Вили Вонка на хотелските дизајни. Тој исто така е и конзервативец кој навистина се грижи за влијанието на луѓето врз планетата.


Фото: Pixabay

Неговиот проект ќе биде составен од неколку хотели и се очекува да биде отворен во 2023. Кафезите за луѓето впрочем ќе бидат 2.400 хотелски соби, а буџетот изнесува околу еден милион долари за една соба. Бенсли добил и дозвола да ги дислоцира измачените животни низ цела Кина во просторот каде што ќе се наоѓа човечката зоолошка.

За да успее во својата мисија, Бенсли работи со зоолог. Во досегашните нацрти може да се забележи дека просторот ќе биде поделен на индивидуални азиски, африкански и австралиски савани за да можат животните да се чувствуваат како во природните услови. На листата со видови животни што ќе бидат дел од овој проект приоритет биле оние што имаат најголема вредност: оние што се наоѓаат во најзагрозените зоолошки и се префрлаат нелегално. 


Фото: Pixabay

Во овој хотел ќе има медицински центар и рехабилитациски центар за животните. Животните ќе имаат 95% пристап до просторот кој ќе биде дел од одморалиштето, додека останатите 5% ќе бидат за луѓето. Првична причина за овој проект е да се едуцираат што е можно повеќе Кинези за влијанието на луѓето врз околината. Затоа, цените ќе бидат попристапни.

Автор: Сара Дин
Извор: Си-ен-ен
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот