Фотографот Арсениј Котов е посветен на документирање на промените во рускиот живот и архитектурата од падот на СССР, посветеност што го однела во најстудениот европски град.
Сместено на околу 177 километри од Арктичкиот Океан, Воркута е мало рударско гратче во кое некогаш бил сместен еден од најголемите логори за присилна работа за време на владеењето на Сталин. Во зима температурата честопати достигнува до
-45 Целзиусови степени, а денес градот се соочува со најбрзо опаѓачка популација во цела Русија.
За време на посетата Котов посетил разни комплекси за домување изградени за работниците, од кои многу биле напуштени откако се затвориле рудниците. Фотографиите на Котов ја овековечуваат дотраената, петкатна структура, која е целосно зафатена со мраз и снег. Остатоци од поранешните жители и од сината боја ѕиркаат низ мразот.
Котов вели дека честопати зградите се претвораат во студени пештери кога пукаат цевките поради недостиг на одржување, што доведува до прскање на топлата вода, висока влажност, а потоа растење на мразот на секоја површина.
Едно семејство останало да живее во зградата во областа Северниј, која сè уште била поврзана со системот за централно греење што поминува низ руските градови. Иако Котов не ги сретнал луѓето што живееле тука, тој дознал дека се преселиле на друго место неодамна пред неговата турнеја.
- Како што ми кажаа мештаните, семејството се преселило во друг стан, а целата оваа зграда била отсечена од вода, греење, електрична енергија. Ова е вообичаена приказна во Воркута: со оглед на тоа што сè помалку луѓе остануваат, станува непрофитабилно да се грее цела зграда, па луѓето постепено се преселуваат на други места каде што има повеќе населени станови. Локалните власти го нарекуваат тоа „стратегија за управување со компресија“ - вели Котов.
Извор:
Thisiscolossal.com
Фотографии:
Instagram