X
 17.03.2022 Живот

Необичен мост во Кина е совршен спој на традиционалното и модерното

Во одморалиштето „Гулоу вотерфронт“ во градот Џианмен, Кина, неодамна бил завршен необичен дрвен мост инспириран од традиционалниот дизајн на кинеските мостови.

Дрвениот мост бил дизајниран од страна на студиото „Луо“, долг е 25 метри, а неговата внатрешност се простира на 166 квадратни метри. Изградбата траела од март 2021 до јануари 2022.

Дизајнот на мостот асоцира на минатото, но на него има и модерни додатоци, како што се стаклените прозорци кои овозможуваат да влегува дневна светлина. Во внатрешната страна на мостот има скалила кои водат до платформа за набљудување.


Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот