Жилијет Мекгрегор од Универзитетот во Лестер проучувала како луѓето ја забележуваат поларизираната светлост користејќи експеримент со кој претходно се испитувал видот на октопод и сипа.
Фото: Pixabay
Генерално, светлосните бранови се истовремено поларизирани хоризонтално и вертикално, создавајќи мешавина од поларизација. Но, некогаш може да се случи поголемиот дел од светлосните бранови, како што се оние на компјутерските екрани и одрази на вода и стакло, да осцилираат со исто насочување. Таа светлина се смета за силно поларизирана. Компјутерските LCD екрани, паметни телефони, таблети и проектирањето на 3Д филмовите во кината се потпираат на поларизирана светлина.
Луѓето поларизираната светлина ја забележуваат со помош на Хајдингеровата четка, суптилен феномен кој луѓето го гледаат како жолто-син примерок налик на лептир машна. Тој ефект се јавува во самото око, не е слика на некој предмет, па Хајдингеровата четка во поголемиот број случаи исчезнува по само неколку секунди.
Мекгрегор и нејзините соработници благодарение на LCD екраните кои се способни тој феномен константно да го репродуцираат, успеале да ја измерат динамиката на менувањето на Хајдингеровите четки, па потврдиле дека некои поединци можат да перцепираат промена на поларизираниот агол преку вртење на „лептир машната“. Истражувањето покажало дека рожницата значајно влијание на перцепцијата на поларизираната светлина, а со оглед на тоа дека оптичките обележја на рожницата варираат од личност до личност, тоа објаснува зошто луѓето на различен начин ја перцепираат Хајдингеровата четка.
За сами да ја видите Хајдингеровата четка, може да погледнете во бела површина на LCD екран од компјутер, таблет или мобилен телефон. Потоа наведнете ја главата од една страна на друга и слабите жолти и сини лептир машни нешто поголеми од вашиот палец, би требало да станат видливи. Со вежба, можете да ги видите на деловите од синото небо, на 90 степени од Сонцето, особено во тек на излезот и залезот на Сонцето.
Чувствителноста на
поларизацијата би можела да помогне при воочувањето на староста на условената дегенерација на жолтата точка, местото на најјасниот човеков вид.