X
 17.04.2018 Култура

Десет работи што не ги знаевте за „Титаник“

Најпознатото потонување на брод во историјата на човештвото се случило ноќта помеѓу 14 и 15 април 1912 година. За големата трагедија се снимени повеќе филмови, напишани се многу книги и организирани се многубројни изложби, но и денес постојат некои детали за овој настан што сè уште изненадуваат.

1.    Буџетот на холивудскиот филмски спектакл „Титаник“ со Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет во главните улоги бил повисок од буџетот за изградба на вистинскиот брод.

2.    Од четирите грандиозни оџаци на „Титаник“ работеле само три – четвртиот буквално бил поставен само за украс. Имено, дизајнерите сметале дека бродот ќе изгледа поимпресивно со четири оџаци.

3.    Карпата мраз што го потопи „Титаник“ го почнала своето патување приближно илјада години пред Христос. Воедно, „Титаник“ е единствениот прекуокеански брод кој потонал како резултат на судир со карпа мраз.

4.    Единствениот Јапонец што го преживеал потонувањето на „Титаник“ бил прогласен за кукавица откако се вратил во татковината, затоа што не умрел чесно заедно со другите патници на бродот.

5.    Главниот пекар на бродот, Чарлс Џон Џогин, го преживеал пливањето во студените води благодарение на поголемата количина алкохол што го испил пред несреќата, кој го „греел“ до појавувањето на спасувачките екипи.

6.    Трагедијата можела да се избегне ако карпата мраз била забележана и пријавена кај капетанот на бродот само 30 секунди порано отколку што се случило во реалноста.

7.    На бродот секој ден излегувал весникот „The Atlantic Daily Bulletin“ каде што се нотирале вести, огласи, цени на акции, озборувања од високите кругови, резултати од коњски трки, како и дневното мени.

8.    Само две кабини во првата класа имале своја бања, додека седумстотини патници во третата класа морале да споделуваат само две кади за лична хигиена.

9.    Наследникот на американското чоколадно царство, Милтон Херши, имал карти за „Титаник“, но го откажал патувањето заради деловен состанок.

10.    Се сеќавате ли на сцената во филмот „Титаник“ каде што оркестарот свири додека бродот тоне? Тоа навистина се случило! Музичарите свиреле уште два часа откако бродот се судрил со карпата мраз.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура