X
 13.06.2016 Култура

Тажната приказна за човекот кој го измисли Европското фудбалско првенство

Кариерата на фудбалскиот судија Анри Делоне имала неславен крај.

За време на пријателски натпревар на почетокот од 20 век, еден играч го погодил судијата со топка во лицето од непосредна близина. Делоне го голтнал свирчето од ударот и ги скршил двата предни заби. Откако го извадил свирчето, тој го обесил на клин.

Ова бил втор неуспех во неговата фудбалска кариера. Претходно се повлекол како играч откако му велеле дека е премногу нежен за оваа машка игра, а без очилата на теренот не гледал речиси ништо. Во 1905, тој станал претседател на фудбалскиот клуб „Etoile des Deux Lacs“, а наскоро и секретар на организацијата која е претходник на францускиот фудбалски сојуз.

Анри Делоне
Фото: Wikipedia

Како ја основале ФИФА?

Во тоа време, имало млади луѓе од средната класа кои сонувале за своите уметнички и филозофски идеи, а имало и група заинтересирана од фудбалот - необичниот спорт кој доаѓал од Британија. Во 1904 била основана ФИФА како фудбалска организација од страна на група млади момчиња кои сонувале за фудбалот. Меѓу нив биле Делоне, Жил Риме и Роберт Гуерин.

Првите години биле тешки, особено поради Британците, кои постојано поставувале услови и сакале да го задржат правото на располагање со правилата за фудбалот како што им одговарало. По Првата светска војна, фудбалот излегувал од контролата на Британците, но Делоне се' уште бил тука.

Европско првенство

Делоне бил првиот кој во 1920-те години предложил одржување на европско првенство и Куп на прваците, како и други. Тој го основал првиот клуб кој не ги дискриминирал своите членови врз основа на класата и организирал турнири на Олимписките игри. Кога Делоне предложил организирање на Европското првенство, Рибе ја добил идејата за Светското првенство. Тогаш тој веќе бил претседател на ФИФА и бил признаен како голем визионер.

Европското првенство било организирано дури 30 години подоцна во Франција. Било одиграно во 5 дена и во два града, а во финалето Советскиот сојуз ја победил Југославија. Победничкиот трофеј го носел името на Анри Делоне и се' уште го носи.

Но, Делоне не доживеал да ја види реализацијата на својата идеја. Тој умрел пред идејата да биде прифатена.

Половина век подоцна, уште еден Французин одиграл клучна улога во историјата на Европското фудбалско првенство. Мишел Платини како претседател на УЕФА го проширил Европското првенство на 24 репрезентации, го вратил во Франција и ја претставил идејата за панеевропски (според местото на реализација) турнир во 2020 година, пред да биде отпуштен.

Платини бил само еден во низата посредници во историјата на Европското првенство. Делоне и Риме се двајцата пионери и идеалисти кои се најзаслужни за постоењето на првенството.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура