X
 17.05.2016 Технологија

Уред за нервозните возачи

Инженерите создадоа уред кој ги предупредува возачите кога тие се премногу вознемирени за да возат безбедно или тие започнуваат да управуваат со возилото.

Уредот наречен „stressalyser“ препознава нервозни движења на воланот кои се случуваат кога возачот прави микро-усогласувања за да ги поправи грешките предизвикани од загубата на концентрација.

Програмерите на Универзитетот во Хјустон сакаат да изградат сензор во воланот кој би можел да биде поврзан со светло за предупредување или звучен сигнал за да ги предупреди возачите дека треба да го забават возилото. Уредот ќе може сам да го забави возилото па дури и да го запре.

Претходните истражувања покажуваат дека чувствата на тага, лутина или вознемиреност додека сте позади воланот го зголемува ризикот од несреќа речиси десет пати.

Ова нервозно однесување било забележано за време на тестирањето за да се откријат кои влијанија го одвлекуваат вниманието на возачот.

„Овој систем не само што може да послужи како „црна кутија“ во сообраќајните несреќи, туку исто така и како механизам за предупредување на возачот и механизам на превенција, со оглед на тоа што постојано чувствува кога возачот е вознемирен“, вели Д-р Јоанис Павлидис, од Универзитетот во Хјустон.

Во експеримент, 59 возачи возеле четири правци во симулатор откако биле целосно фокусирани, и кога им било одвлечено вниманието од емотивни проблеми. Едната група возела додека одговарала на когнитивно тешки прашања, а другата на пишување пораки.

Во сите три интервенции - отсутниот ум, емоционалноста и пишувањето - научниците откриле дека справувањето на возачот со воланот станува нервозно.

„Умот на возачот може да одлета, а неговите чувства можи да се пренагласени, меѓутоа шестото сетило го одржува човекот жив“, вели Д-р Павлидис.

„Она што го прави пишувањето опасно е дека го намалува шестото сетило. Автомобилите кои можат сами да се возат може да го заобиколат ова и други проблеми, меѓутоа моралот во приказната е тоа што луѓето имаат сопствено авто систем, како и внатрешната состоја на возачот кој ја предизвикува.

Овој систем наречен „stresssalyser“ игра клучна улога бидејќи исто така служи како „црна кутија“ за автомобилските несреќи“, завршува Д-р Павлидис.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија